Што долната облека открива за вас
Земајќи податоци од повеќе истражувања и анкети, The Sexy Lingerie Shop на едно место ги собра информациите за жените и нивниот избор на долна облека.
Излегува дека 79% од жените сметаат дека купувањето секси долна облека е многу важно за нив, а воопшто не е важно за само 3%.
Прилично се едногласни и за главните причини за купување секси долна облека; жените велат дека убавата долна облека ја зајакнува самодовербата, прави да се чувствуваат моќни и се разбира, им користи и за заведување.
Жените и изборот на бои на долна облека:
Црна
- Практични: црното секогаш изгледа чисто и може да се носи со црни фустани
- Храбри, силни и амбициозни
- Најчесто се водачот во врската
- Понекогаш ги кријат емоциите
Бела
- Најчесто белото се носи за да се истакне природната убавина
- Самоуверени, смирени и сериозни
- Грижливи и полни со љубов
- Искрени и не се плашат од своите емоции
- Неискусни во сексот, но желни да научат што повеќе
Сина
- Имаат уникатен стил
- Независни, сакаат да се издвојат од толпата
- Романтични, ја сакаат самата помисла на вљубување
- И игриви и сериозни во кревет, уживаат во милување по секс
Црвена
- Страстни, енергични
- Сосема е свесна за моќта на својата убавина
- Знае да биде и драматична, но тоа е дел од нејзиниот шарм
- Знае како да задоволи во кревет и секогаш го очекува истото за возврат