6 навики кои жените не ги опростуваат во сексот

6-naviki-koi-zenite-ne-gi-oprostuvaat-vo-seksot-povekjeЖените треба да се обидат да го променат мажот пред да му дадат „црвен картон“. Со многу такт и малку итрина може да ја поправат работата и да...


...го претворат во совршен љубовник.

А што им пречи на жените при сексот?

1. По завршување на љубовниот чин, тој се врти на другата страна и заспива
По оргазмот мажите влегуваат во фаза во која губат интерес за секс и поради зголеменото лачење на серотонин стануваат поспани. Жените не треба да го земат тоа за зло. Од друга страна, ако е студен и одбоен, или уште полошо ако веднаш стане и почне д асе облекува, тоа може да значи дека го мачат тешки мисли. Обидете се да поразговарате. Можеби мажот само поминува низ некоја криза.

2. Природно е „надарен“ и убеден е дека тоа е сосема доволно за добар секс
Се гордее се своите квалитети, но кога ќе се најде во кревет, жената открива дека не е активен, како да мисли дека квантитетот е поважен од квалитетот. Тоа често се случува со убавите луѓе кои никогаш немале потреба да се трудат и мислат дека доволен е самиот факт дека се привлечни. Од сите лоши навики, оваа најтешко се исправа поради фактот дека оние што се свесни дека се убави, по природа се многу навредливи. Затоа треба да се одбираат зборови.

6-naviki-koi-zenite-ne-gi-oprostuvaat-vo-seksot-1

3. Запнува како да сака да постигне брзински рекорд
Ако жената има впечаток дека тој ја милува механички и ако ја менува позата секои 20 секунди, тоа можеби значи дека не ја познава доволно женската сексуалност. Жената треба да му ги објасни своите желби и начинот на кој функционираат нејзините гениталии. Ако таа мисли дека со лекција за секс ќе го преплаши. Треба да ја земе неговата рака и да му покаже каде да ја движи. Може да биде сигурна дека тоа ќе му се допадне.

4. Ја прескокнува предиграта и веднаш оди на главното
Речиси секој маж знае дека милувањето е многу важно за понежниот пол, бидејќи во текот на предиграта организмот на жената се подготвува за пенетрација. Мажот кој го игнорира тој факт е саможив егоист. Ако жената сака да го смени ваквото однесување, треба да почне веднаш, да го сосече во корен. Може да предложи и игра со огледала. На пример да „Гледај што правам“ и да почне да се милува со истото внимание и страст со која би сакала тој да ја милува.

6-naviki-koi-zenite-ne-gi-oprostuvaat-vo-seksot-2

5. Сите имаат омилена поза, а тој се запнал само за една
Можеби е тоа до карактерот? Но ако е надвор од креветот партнерот интересна и љубопитна личност, можеби е несигурен во сексот. Тогаш му треба поддршка. Жената треба да му каже дека тој е љубовник кого таа одамна го посакувала. Дали е тоа лага? Да, но корисна. Потоа треба да му предложи да го сменат местото, пробајте во бањата, кујната....

6. Во најубавите моменти изговара вулгарности
Оној кој не е во состојба да води љубов во тишина, покажува потреба да го зголеми задоволството. За таква личност физичкото задоволство и љубовта се два паралелни света. Она што е сигурно е дека тој не го мисли тоа што го зборува. Тоа се всушност реченици кои си ги упатува самиот себеси, отколку на партнерката. Да се смени ваква навика може да биде многу тешко. Сепак жената треба да се обиде на неговата грубост да одговори со нежност.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
За каков секс фантазира секој хороскопски знак? (18+) Скорпиите сакаат сензуални допири. Но и врзани очи, за да го откриваат вашето те...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg