Пет заблуди за мастурбацијата
Мажите не мастурбираат повеќе од жените. И мастурбацијата не е само забава за оние што се сами, ниту пак му штети на сексуалниот живот. Тоа се...
...само некои од заблудите кои се присутни и ден денес.
Мастурбацијата повеќе ја практикуваат мажите
Често мислење е дека мастурбацијата повеќе ја практикуваат мажите, но како што покажуваат истражувањата во последните неколку години, ниту понежниот пол не е имун на „самостојната забава“. Стручњаците сметаат дека не станува збор за појава на сè поголем број жени кои се самозадоволуваат, туку жените денес се поотворени и полесно признаваат дека редовно мастурбираат.
Кон мастурбација се поподложни оние што се сами
Можеби донекаде постои логика во ова размислување, но тоа е само привидно. Правата вистина е спротивна! Како што покажуваат истражувањата кон мастурбација повеќе се склони луѓе во брак и во долги врски, отколку оние што не се во врска.
Мастурбацијата е депримирачка
Оние што веруваат дека мастурбацијата буди чувство на депресија, тоа го образложуваат така што, наводно човекот станува свесен дека е сам. Но, тоа е далеку од вистината. Со истражувања е докажано дека редовната мастурбација ја зголемува самодовербата, личноста станува задоволна со своето тело и поопуштена во сексуалните односи.
Мастурбацијата му штети на сексуалниот живот
Некои мислат дека луѓето кои што мастурбираат имаат лош сексуален живот и дека дури избегнуваат секс бидејќи повеќе уживаат во дружењето сами со себе. Стручњаците наведуваат дека е тоа голема заблуда бидејќи постои силна поврзаност помеѓу желбата за истражување на сопственото тело и желбата за истражување на телото од партнерот. Таквиот став, секако води до подобри сексуални односи и поинтензивен оргазам.
Мастурбацијата го влошува расположението
Има такви кои веруваат дека мастурбацијата го влошува расположението, но истражувањата го покажуваат спротивното. Како што е докажано, мастурбацијата ги исклучува центрите за стрес и анксиозност во мозокот, го поттикнува отпуштањето на позитивни хормони и обезбедува моментално подобрување на расположението.