Нови техники во сексот
Задоволни сте со својот сексуален живот, но не е лошо да слушнете уште неколку лесни совети кои ќе ви помогнат да го подигнете степенот на вашето...
...и партнеровото еротско уживање на повисоко ниво.
Не ги соблекувајте пантолоните
Ваков пристап личи малку на деновите кога како тинејџери сте експериментирале и кога сексуалниот однос често завршувал без допир „кожа на кожа“. Затоа сега долго допирајте се со партнерот преку маица, под долната облека, здолништето... Ќе го продолжите исчекувањето, па кога ќе го почувствувате мекиот допир на неговата кожа ќе доживеете вистинска експлозија на чувства.
Правете кругови
Партнерот ќе биде пресреќен ако му пружите орален секс, но вашиот пристап не треба да биде ист секогаш. Разбијте ја монотонијата – немирно движете го јазикот, правете кругови, нека му се заврти во главата од возбуда. Сексуалните терапевти советуваат да користите техника која личи на шмукање бомбона.
Површни бакнежи
Кога се упатувате во зоната под папокот, првин нежно, едвај осетно, бакнувајте го по трепките, потоа допрете ја устата, вилицата, клучната коска... Спуштајте се до брадавиците, па долу низ торзото до колкот... Вака нежното бакнување по телото ќе го доведе до лудило! Нежните бакнежи ќе ја зголемат напнатоста и тој со поголема желба ќе го исчекува она што следи на крајот.
Погоди што е следно
Малку непредвидливост во текот на сексот може да предизвика уште поинтензивно уживање за двајцата. Додека сте во мисионерска поза задевајте го, комбинирајте ги движењата, не му дозволувајте секогаш да продре во вас до крај. По две кратки продирања доаѓа еден подлабок...и така до крај. Ќе биде збунет, но задоволен.
Жежок воздух
Без разлика во каква поза сте, уживањето може да го зголемите со дување на топол воздух на неговата кожа. Иако веќе чувствува задоволство во гениталиите, овој трик ќе допринесе да се активираат и другите чувствителни зони, како вратот, брадавиците, зглобовите... Ќе чувствува морници од глава до петици.
Момент за секс
Секс моментите се случуваат кога најмалку се надевате. Затоа искористете ја можноста за ја збогатите вечерта на каучот. Нежно милувајте го по кожата додека гледате телевизија. Придушеното светло и повремените допири ќе создадат пријатна атмосфера и ќе го разбудат неговото тело за секс.