Пробајте: Идеи за секс за секој ден во неделата
Како да се најде повеќе време за сите благодети кои ни ги нуди сексот? Трикот е во тоа да го смените својот секојдневен пристап и да пробате нови идеи уште оваа недела.
Повеќето сексуалниот живот го ставаат ниско на листата со приоритети, многу под работата, сонот, грижата за децата, а понекогаш и гледањето натпревар е повисоко на скалилото на приоритети.
Сменете го распоредот со помош на следните идеи.
Понеделник: Антистрес секс
Првиот ден во неделата е многу напнат. Викендот е завршен, а уште една напорна недела е пред вас. Победете го стресот со лесен релаксирачки секс еден час по вечерата. Почнете со еротска масажа.
Вторник: На брзина
Стигнавте дома по работа. „Фрлете се“ на еден брзински и страстен секс пред да ги наполните стомаците со вечера, потоа ќе ве мрзи да се придвижите. Кујната е одлично место за оваа кратка, но слатка епизода.
Среда: Акција на кауч
Како повторно да сте средношколци. Легнете на кауч и гледајте филм. Додека филмот привршува почнете со вашата „акција“. Бакнувајте се по вратот и рамениците, а тој за неколку минути ќе посака да ја искине вашата облека.
Четврток: Мрзлив секс
Работната недела е при крај, а вие сте веќе изморени. Еве идеална поза која не бара многу напор, а дава големо задоволство. Двајцата треба да легнете на страна, мажот зад жената. Во оваа положба може да пробате неколку интересни пози.
Петок: Агресивен секс
Кој е најдобриот начин да ја употребите дивата енергија која од вас ја извлекоа проблемите на работа? Сексот, се разбира.
Дочекајте го партнерот уште на вратата и наместо да почнете кавга, како што обично правите кога ќе ве притиснат проблемите, бакнете го уште на вратата и почнете да го слекувате.
Сабота: Секс под туш
Ах, сабота! Кога би траела цела недела! Ден за уживање и одмор.
Предложете му на партнерот заедничко туширање, како добра предигра за страстен секс кој ќе следи.
Недела: Утрински секс (два пати)
Поминете половина ден во кревет, но не да гледате телевизија.
Искористете го неделното претпладне за секси лудории. Имате сила, вчера беше сабота ја повративте енергијата, па навалете.
Најмалку два пати, еднаш вие смислете сценарио, а вториот пат тој нека бира поза.