Стравови поради кои жените не доживуваат оргазам
На жените им е потребно повеќе време за да се опуштат, а многуте мисли кои им с емотаат по главата при тоа ушт еповеќе им одмагаат. Дамите често...
...пати дозволуваат да ги надвалдее несигурноста и стравот.
Што ако не му се допадне моето тело?
Недостижниот идеал на женското тело кое ни го анметнува модната и филмската индустрија влијаат на способноста да се релаксираме и уживаме. Иако малку повеќе целулит во тој момент се чини како огромен проблем, факт е дека на мажите целулитот тогаш не им паѓа ни на крај памет.
Страв од несакана бременост
Стравот од бременост и сексуално преносливи болест може лесно д асе реши. Кондомот, ако се користи правилно, е ефикасен во 98% од случаите. Ако помислите дали пуканал кондомот имате можност да земете пилула „ден потоа“. Ако и тоа не е доволно за да ги смири вашите стравувања, поразговарајте со лекар.
Зошто не можам да доживеам оргазам?
Стручњаците истакнуваат дека 80% од жените не доживуваат оргазам за време на пенетрацијата. Ако сакате да ги зголемите шансите за оргазам истражувајте го вашето тело и откријте што ви годи за да можете тоа да му го објасните на партнерот. Еден од начините побргу да дојдете до оргазам е стимулација на клиторисот.
Очекував повеќе!
Сексот е многу повеќе од пенетрација, па ако е тоа е се што правите, логично е зошто доживувањето не е спектакуларно. Сексот е бакнување, допирање, милување, разговор и многу стимулација на клиторисот... Ако вашиот партнер не е доволно вешт покажете му што би сакале да прави.
Не сум сигурна дали сум подготвена...
Нормално е да с ечувствувате малку несигурно кога е сексот во прашање. Ако сакате тоа да го направите само за да го задоволите партнерот, тогаш дефинитивно не сте подготвени.
Мислам дека мојата вагина изгледа чудно
Колку вагини сте виделе од блиску? Вагините постојат во сите облици и величини, а оние мазните, без влакна и со мали срамни усни обично може да се видат само во порно филмовите.
Зошто чувствувам болка за време на сексот?
Постојат неколку причини поради кои односот може да биде болен. Можно е да не сте доволно опуштени. Во тој случај задржете се малку подолго на предиграта. Но ако болката се повторува секогаш за време на сексот, би требало да посетите гинеколог и да откриете во што е проблемот.
Дали е штетно да се мастурбира?
Апсолутно, не! Не само што не е штетно туку тоа е и најдобриот начин да диознаете што сакате и што ве возбудува. Ако никогаш не сте мастурбирале, почнете со истражување на својата вагина, особено клиторисот.