Очилата издаваат дали е заинтересиран за вас
Седите во кафуле или на плажа, а тој носи очила - ете можност за него да откриете повеќе одошто тој сака. Доколку благо ги помрднува очилата кон врвот...
...на носот, бидете уверена дека е многу заинтересиран за вас.
Дршката во уста
Сексапилно, сугестивно движење кое го свртува вниманието не само на неговите очи, туку и на другите делови од лицето. Усните и јазикот се исклучително осетливи на допир, како јагодиците на прстите, па ставањето на дршките во уста е далеку поинтимен гест од да речеме, испивањето на вискито на екс затоа што неговите очи цело време ве фиксираат. Додека ја грицка дршката од очилата, тој порачува: „Можеби те сакам, а можеби не, па ти сега види...“
На врв од носот
Гест на искрен, емоционален, а можеби и сексуален интерес. Очилата се спуштаат на врвот од носот, очите и веѓите се поткреваат, а со тоа и неговите очекувања. Замислете го само сексуалниот набој кој ќе се создаде ако сте двајцата надвор, во влажни костуми за капење, а тоа движење со очилата за сонце го направите истовремено.
Очилата на глава
Подигањето на очилата на теме или нивното ставање во џеб претскажува промена на расположението или поминување од сериозно држење во лежерно. Тоа е слично со попуштањето на јазолот на вратоврската. Со тоа се порачува дека од петта брзина влегувате во втора и дека со задоволство би се преслекле во нешто полежерно.
Нагло симнување на очилата
Кога мажот нагло ќе ги симне очилата од глава, создал драматична ситуација како да извикал : „Што значи ова?!“ Значи, им го свртува вниманието на сите присутни кон себе.
Имате ли вакви или слични искуства?