5 здравствени проблеми кои се решаваат со секс
Вишокот килограми, главоболката, лошото расположение...се само некои од тегобите од кои можете да се ослободите со водење љубов.
Погледнете на што уште сексот делува лековито. Водењето љубов има исцелителска моќ особено за болести кои имаат психосоматско потекло.
Научниците сметаат дека редовниот секс е незаменлив еликсир на младоста, како и тајна за флексибилни мускули.
Лек за срце
За време на сексот дишеме забрзано, а тоа го зголемува нивото на кислород во белите дробови. Познато е дека кислородот добро делува на работата на виталните органи. Со сексот се подигнува количината на женскиот хормон естроген, што е добро за срцето.
Се намалува холестеролот
Кај мажите во текот на сексот се зголемува нивото на тестостерон. Машките хормони помагаат во зачувување на тешките коски и мускулите, а освен тоа со сексот се намалува и нивото на холестеролот.
Го ублажува артритисот
Со сексот можете да се ослободите од главоболката и од болките кои ги предизвикува артритисот. Ако сте постојано под стрес и сакате да го поправите расположението, не постои подобра терапија од сексот. Одличен е за одржување на простатата.
„Убиец“ на килограми
Ако по сексот чувствувате умор, значи дека доволно сте се исцрпеле, што е позитивно. Научниците тврдат дека само страсното бакнување три пати неделно „гори“ дури 7500 калории, годишно тоа е како да сте претрчале 120 километри. Не треба да пресметуваме колку калории можете да потрошите кога би имале три пати секс неделно...
Го олеснува ПМС
Сексот ги олеснува менструалните проблеми. Истражувањето во кое учествувале повеќе од 1000 жени покажало дека жените кои редовно уживаат во сексуалните односи немаат менструални болки. Тоа се случува поради стегнувањето на матката за време на оргазмот при што се намалува и напнатоста на мускулите.