25 факти за сексот

25-fakti-za-seksot-povekjeДали сте знаеле дека совршената депилација не е нужен предуслов за секс и дека простите зборови во сексот се многу нормални? Проверете дали...


...на списокот има нешто што не сте го знаеле.

1. Нема ништо посексипилно од тоа да покажете што всушност сакате во сексот.

25-fakti-za-seksot

2. Мастурбирањето е најдобар начин да откриете што ви се допаѓа во сексот.

3. Не е реално дека со партнерот ќе доживеете оргазам истовремено.

4. Во раните фази на врската се што е речено во текот на сексот не смее да се смета како сериозно.

5. Совршената депилација не е услов за добар секс. Кога мажите ќе ги понесе страста, тие не проучуваат дали вашите влакна се совршено издепилирани.

6. Попатниот секс со голем број партнери не е добар начин за потврдување во животот.

7. За женскиот оргазам најчесто се потребни вашите раце или рацете на партнерот, а и јазикот. Тоа во секој случај е најбрзиот пат до оргазмот.

8. Машкиот полов орган е нормална појава и на него нема нешто од што треба да ви се гади, тоа ги вклучува и тестисите.

9. Во ред е да кажете „да“ за работи за кои сте мислеле дека никогаш нема да ги практикувате. Секако, само ако тоа го сакате.

10. Во ред е понекогаш да се рече „не“ и тоа без било какво оправдување. Глупаво е да се оди против себе само за да го задоволите партнерот.

11. Лубрикантот може да ја спаси вечерта. Можеби постои желба, но телото е уморно...

12. „Простите“ зборови во текот на сексот се силен афродизијак и нема ништо лошо тука.

13. Смисолот за хумор е нешто што секогаш треба да го земете со себе во кревет.

14. И вагината има потреба од редовно вежбање, тука се Кегеловите вежби.

15. На мажите им се потребни упатства. Тоа значи дека не можат се да разберат од вашето стенкање, некогаш мора и вербално да се изразите.

16. Вистинската интимна поврзаност не бара секогаш месечина, свеќи и романтична вечера.

17. Тој не очекува од вас во кревет да се однесувате како порно ѕвезда.

18. За техниките на оралното задоволување на мажите не мора да учите од книги. Следете го сопствениот инстинкт, а можете и него да го прашате.

19. Да се направи првиот чекор, може да биде страшно, но и вредно. Тоа најмногу се однесува на контактот со очи и насмевката.

20. Сексот не е резервиран само за спалната соба. Бидете инвентивни, па практикувајте го и на помалку комфорни места.

21. Презервативите штитат од бременост, но и од полови заболувања.

22. Сушните сексуални периоди се нормална појава која секому му се случува.

23. Сексот под туш е преценет. Ако ви е незгодно – откажете се.

24. Да се смирите во животот не значи да се смирите и во креветот.

25. Вашите необични желби не значат дека сте настрани и перверзни. На вашата пријателка можеби не и одговара аналниот секс, но ако вам ви се допаѓа – само уживајте.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg