Жените се посреќни, ако знаат дека партнерите се несреќни
Жените се посреќни ако знаат дека партнерите им се несреќни и ако тоа им го покажат. Најновите истражувања од неколку американски универзитети...
...вклучувајќи го и Harvard, дошле до ова сознание, но објаснето е и зошто паровите тешко се разбираат.
Резултатите на истражувањето покажале дека жените на некој начин се посреќни кога ќе увидат дека нивниот партнер не е расположен – бидејќи тоа наводно покажува дека врската им е силна.
Добро е познато дека повеќето припадички на женскиот пол сакаат да разговараат за своите проблеми, за разлика од повеќето мажи.
Ако нивното момче или сопруг без воздржување ги открие своите негативни емоции, тоа на жените им е јасен знак дека нивната врска е заснована на силни темели.
Имено, на жените им е важно нивните партнери да ги „соголат“ емоциите пред нив, без разлика дали се тие позитивни или негативни.
Истражуавњето покажало дека жените веруваат, ако партнерот им покаже дека е тажен или нервозен – наместо да се повлече – тоа значи дека се залагаат и дека им е важен нивниот однос.
На жените им е помило кога нивните партнери ќе препознаат кога се тие вознемирени или несреќни, тоа значи дека подобро се разбираат.
Кај мажите тоа е сосема поинаку, тие повеќе сакаат да препознаат кога партнерката е среќна.