Секси атрибути
Иако изгледот е првото нешто кои мажите го забележуваат кај жените и обратно, сепак постојат и други атрибути кои ја прават една личност привлечна и секси.
Имајте ги на ум кога сте во друштво или во град во „акција“:
1. Насмевката. Насмевка на вашето лице покажува дека сте отворена и самоуверена личност. Има ли нешто поубаво од насмеан/а дечко/девојка?
2. Внимателно слушање. Мажите и жените сакаат кога им се посветува внимание, кога знаете да ги ислушате и да им дадете коментар, мислење, совет.
3. Смислата за хумор. Шеги на сопствена сметка, опуштање во ваше друштво.
4. Интелигенција. На секој му е важно покрај себе да има паметна личност. Важно е да бидете добри соговорници и кога сте сами, но и во друштво.
5. Достоинство. Премногу гласни и нападни личност ги одбиваат сите околу себе.
6. Поглед. Секси, таинствен, провокативен или директен.