Како да го откачиш?
Има многу дечки поготово во нашето Скопје кои користат веќе слушнати и излитени фрази за да и пријдат на некоја девојка. Некои од нив се страшно иритирачки.
Еве како да одговорите на таквите провокации:
Тој: Може да те частам пијачка?
Таа: Повеќе би сакала да ми ги дадеш парите.
Тој: Јас сум фотограф. Барам лице како твоето.
Таа: Јас сум пластичен хирург. И јас барам лице како твоето.
Тој: Зарем не сме излегле заедно еднаш? Или два пати?
Таа: Сигурно било еднаш. Јас не ги правам истите грешки 2 пати.
Тој: Како си излегла толку убава?
Таа: Сигурно сум го земала и твојот дел.
Тој: Сакаш да излезеш со мене викендов?
Таа: Извини, ама имам главоболка овој викенд.
Тој: Твоето лице сигурно врти неколку глави.
Таа: А твоето сигурно врти неколку стомаци.
Тој: Ајде, не се срами. Прашај ме да излеземе.
Таа: Ајде! Излези, ќе дојдам јас.
Тој: Мислам дека можам да те направам среќна.
Таа: Зошто? Си одиш?
Тој: Што би рекла кога би те побарал за жена?
Таа: Ништо. Не можам да се смеам и да зборам во исто време.
Тој: Може да го добијам твоето име?
Таа: Зошто? Немаш свое?
Тој: Каде си цел мој живот?
Таа: Се кријам од тебе.
Тој: Сакаш да гледаме филм?
Таа: Веќе го имам гледано.
Тој: Зарем те немам видено на некое место претходно?
Таа: Да, затоа веќе не одам таму.
Тој: Што правиш во животот?
Таа: Глумам женско.
Тој: Срце, кој знак си?
Таа: Забранет влез.
Тој: Ако те видам гола, ќе умрам среќен.
Таа: Ако јас те видам гол, ќе умрам од смеење.
Тој: Каде си цел мој живот?
Таа: Таму каде што ќе бидам и понатаму – во твоите најлуди соништа.