8 секси детали кои најмногу ги возбудуваат мажите
Црвен кармин, црна танга и високи потпетици е сосема доволно за да му ѕирнете во паметот на вашиот сакан. Применете ги овие неколку совети...
...за заводнички и за час ќе се претворите во вистинска секс бомба.
Црната танга ќе го збудали
Како што знаете, малиот црн фустан е неизбежно парче во плакарот на секоја жена. Но, еве уште една есенцијална работа – црни танга гаќички. Со таква долна облека повеќе нема да мора да размислувате што да облечете под црниот фустан и нема да ви биде неудобно тоа и да го покажете.
Ослободете ја косата
Од време на време, немојте да ја фенирате косата. Разбушавените прамени ќе ја разбудат вашата дива страна, а нему тоа нема да му се провлече незабележано.
Црвена боја
Црвената боја не е случајно одбрана да биде на знакот „стоп“ – тоа е боја што разоружува. Облечете црвен фустан, црвени чевли или било што црвено и разгорете ја неговата страст!
Црн свилен комбинезон
Знаеме дека другите свилени комбинезони се излезени од мода уште во четириесеттите. Сепак, можеби би требало да им се вратиме бидејќи се удобни под гардеробата, а убаво изгледаат и на телото. Ќе погодат право во целта ако тоа биде првото што тој ќе го види додека се облекувате наутро и последното што го соблекувате навечер.
Прошетајте пред него само во штикли
Изненадете го уште вечерва додека се соблекувате, соблечете сè, освен чевлите со високи потпетици. Опуштено прошетајте наоколу, ако да не ви се брза да ги соблечете и само почекајте да ве грабне.
Изненадете го со подвезици
Не сте ги носеле уште од венчавката? Тогаш е време повторно да ја разгорите неговата страст, а и вашата желба за фатална жена. Земете ја неговата рака, па покажете му што носите под здолништето и секси фантазијата може да почне!
Нанесете кармин пред него
Малкумина мажи можат да им одолеат на триковите на старото школо. А кој би можел, со црвениот кармин, кој ќе го нанесете со префинети движења, му обрнувате внимание на вашите сочни усни.
Носете негова облека
Има нешто во тоа кога жената дома носи само бела машка кошула. Тоа е силен контраст и начин да се забележи својата територија. Стратешки закопчајте само едно копче, па покријте само минимум од она што треба да е покриено и препуштете им се на случувањата што следат. Не знаеме зошто, но ова секогаш „пали“!