Флертување за почетници

flertuvajte-i-uzivajte-zosto-da-ne-povekjeЕве неколку совети за оние што допрвин ќе почнат да флертуваат. Совладајте ги основите на говорот на телото и имајте во предвид дека невербалната...


...комуникација ги сочинува 90% од пораките кои ги праќаме додека разговараме со некого.


Како да дознаете дали сте му/и привлечни?

Како да знаете дали некој ве забележал и дали ви ги возвраќа симпатиите? Прво обидете се да се наоружате со сета расположлива самодоверба и погледнете ја личноста право во очи, се додека тој/таа не го забележи вашиот поглед. Почекајте ја реакцијата.

flertuvajte-i-uzivajte-zosto-da-ne

Само најхрабрите веднаш ќе возвратат со иста мерка, повеќето се срамежливи и на првиот знак на кокетирање, т.е. продорен поглед, ќе реагираат на два различни начини – или со вртење на погледот кон подот, или на страна. Ако гледа кон подот – личноста е заинтересирана, додека незаинтересираноста се покажува со гледање лево или десно (барам и понатаму).

Ако сакате да привлечете женско внимание, таа од моментот на воспоставување контакт со очите ќе почне повеќе да се насмевнува. Втор очигледен знак дека е заинтересирана е поткревањето на веѓите и побрзото трепкање како и играњето со прамен коса.

Мажите ќе се обидат што подолго да го задржат контактот со очи, почесто и погласно ќе се смеат на шегите од своето друштво, свесни за фактот дека ги набљудувате, а со своите постапки ќе покажат доза на самодоверба.


Почеток на разговорот

Заборавете на фразите како „Како така убава девојка, а сама“ или „Дали си ти ангелот што паднал од небото?“. Ако не знаете што да кажете, почнете со „Јас сум (па вашето име)“.

Другата страна на тоа ќе мора нешто да одговори. Во текот на разговорот обидете се да дознаете што го/ја интересира.

Останете смирени, внимателно и заинтересирано слушајте ја другата страна. Поставувајте прашања.

Најдобро е тие да почнуваат со: како го направи тоа..., дали некогаш си се обидела..., дали си бил/а... Одговорите ќе ги добиете сигурно и ќе бидат поопширни од кратките „не“ и „да“.

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg