5 златни совети за среќен и долговечен брак

5-zlatni-soveti-za-srekjen-i-dolgovecen-brak-povekjeАвторката на блогот за бракот и родителството Аша Дорнфест е во среќен брак со својот сопруг Раел веќе осумнаесет години. Во чест на годишнината...


...која неодамна ја прославиле, таа со читателите споделила пет совети за среќен и спокоен живот во заедница.

1. Цврстиот брак се заснова на ситници

Реченицата „Животот го прават мали работи“ можеби звучи како клише, но Аша напомнува дека со текот на годините сфатила дека ова тврдење е навистина точно.

- Секоја поединечна постапка е како цигла, а вие самите одбирате дали тие цигли ќе ги употребите да изградите темел или ѕид.


2. Повремените изненадувања ја зајакнуваат поврзаноста

Купувањето цвеќе за сопругата или подготвувањето вкусен оброк за мажот не одзема многу време, а внесува нова свежина во односот на двајца луѓе.

- Изненадувањата прават за миг да излезете од дневната рутина и уште повеќе да го цените она што го имате. 

5-zlatni-soveti-za-srekjen-i-dolgovecen-brak


3. Немојте да ја потценувате вредноста на насмевката

  Во животот има доволно пречки и проблеми за да се карате и дома. Затоа потрудете се времето со партнерот да го поминете засмејувајќи се взаемно или прераскажувајќи интересни анегдоти.

- Составете листа на заеднички работи кои ве засмејуваат и обврзете се дека секој ден ќе се посветите барем на една од нив.


4. Не исклучувајте ги другите луѓе од својот живот

Тоа што сте се омажиле/ожениле не значи дека единствена личност на светот треба да ви биде брачниот другар. Нормално е со него да поминувате поголем дел од времето, но не треба да ги занемарите ни пријателите и членовите на семејството.

- Тврдењето дека двајца луѓе можат да опстанат сами ако односот им е доволно јак преставува заблуда. Немојте да се двоумите да побарате помош од пријателка, мајка, лекар, бебиситерка и други личности со кои живото ќе ви биде полесен.


5. Бидете добар пример за своите деца 

Децата се свесни за случувањата околу себе, многу повеќе одошто мислат возрасните. Ако се расправате со мажот пред децата имајте во предвид дека тие ќе ги усвојат тие однесувања и подоцна и самите ќе ги користат во својот брак.

- Не треба да се преправате дека е сè идеално бидејќи децата се свесни за фактот дека животот не е бајка, но сепак треба да се води сметка за однесувањето.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
„По породувањето чувствував болка при секс и бегав од сопругот – Како успеав да го решам проблемот и... „Ако слушнете како некој се фали дека има многу секс по породување, немојте ведн...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg