Денови кога жените се изгорени за секс
Покрај тоа што во нив созреваат полните клетки, јајниците имаат и улога за создавање на женските полови хормони. Тоа се естрогенот и прогестеронот.
Женските полови хормони се создаваат во јајниците, а се разградуваат воглавно во црниот дроб. Има денови кога жената е исклучително возбудена, а има денови кога сексот и е на последно место на листата со посакувани работи, зошто е тоа така, откријте....
Првиот до седмиот ден – тоа е период кога почнува менструацијата и тогаш жената е најмалку расположена за секс.
Како што се приближува менструацијата, така паѓа нивото на естроген, се намалува влажноста на вагината поради што треба малку повеќе труд за да се расположи жената за секс.
При тоа пожелно е користење на лубриканти, па затоа секогаш имајте подготвено шишенце за овие денови.
Осми до 14-ти ден – тогаш возбудата е најголема. Телото се подготвува да го испушти новото јајце, па тој период е најплоден, затоа внимавајте!
Поради нивото на естроген кој е во пораст жената се чувствува супер секси, а тоа го чувствува и спротивниот пол – затоа во овие денови ќе ги привлекува машките погледи повеќе од вообичаено.
Научно е докажано дека мажите ги привлекуваат жени што овулираат – навистина чудно затоа што повеќето мажи бегаат дури и од помислата дека би можеле да направат дете.
15-ти до 21-ви ден – нивото на естроген почнува да паѓа. Овулацијата главно се одвива околу 14-тиот ден од циклусот, а силниот сексуален нагон ќе трае уште неколку дена, па затоа периодот треба да се искористи најдобро што може.
21-ви до 28-ми ден – во овој период расте нивото на прогестерон, вториот женски полов хормон. Можеби тоа не можете да го забележите, но во овие денови гласот на жената станува подлабок и ќе звучи посекси.
Меѓутоа како што се движи периодот кон својот крај така се наближува уште една менструација што со себе носи чувство на надуеност, раздразливост, а многу жени се чувствуваат и помалку секси од вообичаено.
Без грижа, за неколку дена почнува нов циклус, а со тоа се враќа и желбата за секс!