Како изгледа сексуалниот живот на жените?
Истражувањето на канадскиот интернет портал nowtoronto.com открива дека сексуалниот живот на жените се темели воглавно на спонтаниот секс.
Имено, повеќе од половина испитаници својот моментален сексуален живот го опишале како спонтан, а околу 20% од нив одговориле дека тоа го прават според распоред.
Жените кои моменталниот сексуален живот го опишуваат како спонтан истакнуваат дека имаат редовни сексуални односи во текот на три недело по што настапува период во кој речиси апстинираат.
Повеќето од половина испитаници наведуваат дека им се случувало да задоцнат на работа поради секс. На претпоставените им давале неточни причини за доцнењето, а само пет проценти од жените биле доволно храбри да му ја кажат на шефот вистинската причина за доцнењето.
Понатаму, 30% од жените признале дека понекогаш доаѓало до прекин на сексот затоа што партнерот морал да се јави на телефон или да одговори на порака. Но тоа не било причина да не се вратат на слаткото уживање.
Во истражувањата учествувале повеќе од илјада испитаници, а 56% од нив биле жени. Канадските стручњаци заклучиле дека резултатите од истражувањето биле очекувани и многу слична била ситуацијата и кај мажите , особено кога станува збор за спонтаниот секс.