Секс и дрога опасен микс
За дрогата знаеме дека е опасна, но за сексот веројатно никогаш не сте помислиле дека може да биде многу опасен по вашето здравје. Во која смисла?
Сексот дехидрира како спортот
Како при секое спротување, така и при сексот битно е секогаш покрај вас да имате течности.Во текот на дивата игра човекот губи многу течности. Затоа, често пати после сексот следи главоболка која е последица на дехидрацијата. Факт е дека французите пијат многу вода после сексот поради што се спремни да ја продолжат дивата игра.
Чаша вода по сексот нека ви стане навика
Потењето и црвенилото покажува на забрзано чукање на срцето. Половина час бакнување може да го забрза отчукувањето на срцето како да сте трчале 5 км. Разликата помеѓу сексот и другите спортски активности е во количината на вода ќе ја испиете. Според статистика, 9 од 10 луѓе пијат вода после некои спортски активности.
Тоа укажува на фактот дека луѓето не се свесни колку сексот е исцрпувачки за телото.
За спречување на дехидрацијата некои препорачуваат чаша млеко пред сексот, како на телото би му обезбедиле доволна количина на течности и други хранливи состојки.
Дехидрацијата и хормоните
Грижата по сексот да не дојде до дехидрација е важна и поради хормоните. Дехидрацијата го спречува создавањето на хормони, што може да доведе до проблеми со плодноста и либидото. И кај жените дехидрацијата влијае на создавањето на хормони и следствено на влажнењето.
Смртно опасна дехидрација може да настане ако освен тоа што не внесете доволни количини течности пред и за време на сексот, дополнително пушите марихуана или сте земале екстази или некоја друга врста на дрога.