Ванила секс
Ако не ви е баш најјасно за што станува збор, не грижете се. Можеби не сте чуле за изразот ванила секс, но веруваме дека сте учествувале во истиот.
Станува збор за најчестиот облик на секс кој некои би го опишале како „добриот стар конвенционален“ начин на водење љубов. Под овој наслов се крие секс без експериментирање и варијации, и станува збор за мисионерска поза со многу долги и длабоки бакнежи.
Може да се каже дека овој вид секс е карактеристичен за почетници. Слатко, нежно и емотивно водење љубов. Овој однос е ослободен од било какви садо мазо игри, кинки моменти или фетиши. Освен тоа не се експериментира ниту со промена на позите.
Името потекнува од највообичаениот вкус на сладолед. Општо прифатено е дека тоа е ванилата кој е најкористен вкус и најздодевен за многумина.
Со ова име ваквиот тип на секс е дефиниран како обичен и по малку здодевен.
Постои теорија и дека го добил името по опишување на сексуалните активности на белата раса па затоа се верува дека се помалку иновативни кога е во прашање сексот.
Сепак, и ваквото водење љубов може да биде многу страствено и возбудливо затоа што се создава посебна поврзаност меѓу партнерите. Добриот, стар ванила секс знае да ги возбуди сите сетила ако доволно добро се внесете во истиот.