Што ја убива желбата за секс кај жените?
Многу долгогодишни парови ќе се најдат во навидум безизлезна состојба поради смалената желба за секс. Причина за паника нема бидејќи...
...желбата за секс бргу може да се врати и да се подобри со изменување на одредени навики – прво треба да се најде во што е проблемот.
Преполнети со секојдневни распореди, стрес, семејни проблеми, проблеми на работа се некои од главните причини за намалената страст во врската.
Ако вие и вашиот партнер во последно време чувствувате дека желбата за секс ви се намалува, време е нешто да преземете.
Еве некои од главните причини за намалено либидо.
Стрес
Општо е познато дека стресот делува на многу аспекти од животот, па така и на сексуалниот. Особено се осетливи жените кои долго време живеат под дејство на стресот.
Таков начин на живот може значително да го намали нивното либидо. Имено стресот го зголемува лачењето на таканаречените негативни хормони кои што ја „убиваат“ сексуалната желба.
Решението на овој проблем е многу едноставно – треба упорно и грижливо да се работи на релаксација, а се препорачува и медитација, вежби со дишењето, тренинзи и долги прошетки.
Нефункционална врска
За разлика од мажите, жените сексот го врзуваат со емоциите. Ако во врската постои проблем и ако жената не се чувствува емотивно сигурно, тоа ќе се одрази на нејзиното либидо.
Последица на тоа ќе биде лош или дури непостоечки сексуален живот. Решение на проблемот е отворен разговор помеѓу партнерите.
Ако врската може да се поправи, ќе се поправи и нејзиното либидо, а со самото тоа и сексуалниот живот за двата партнери.
Желба за дете
Иако многу парови не се свесни за тоа, желбата за дете може да има негативно влијание на сексуалниот живот.
Имено доколку се има желба за дете водењето љубов може да стане многу стресен механички чин. Во тој случај многу мажи страдаат поради стравот дека нема да успее обидот.
Тоа негативно делување ќе го снема доколку партнерите се опуштаат.
Самодоверба
Самодовербата е клучна за многу работи ви животот, а пресудна улога има и во сексуалниот живот.
Оние што се чувствуваат сигурно и добро во сопствената кожа, имаат и силно либидо и подобар сексуален живот.
Оние што ги мачат килограмите и другите измислени или вистински проблеми не уживаат толку во благодетите на сексот.
Решението е очигледно: да се поработи на сопствената самодоверба, а корист ќе се почувствува во сите животни области.
Работни обврски
Проблеми на работа, долги работни часови, недоволно пари и слични проблеми се добар предуслов да го снема сексот од вашата спална соба на подолго време.
Проблемите некогаш не можеме д аги избегнеме, како ни стресот што го носат сос ебе, но нивната разорна моќ ќе се ублажи ако поразговарате со партнерот.
Делењето на проблемите ќе ви помогне да се релаксирате и полесно да дојдете решението, а искрените разговори ќе ве зближат и сигурно нема да ве оддалечат од сексот.
Фамилијарни обврски
Баш како и работните, така и семејните обврски толку многу окупираат што потполно ќе се заборави на активностите во спалната соба. Немојте да дозволите целиот товар околу куќата и децата да ги извршува едниот партнер.
Наместо тоа еден да работи, а другиот да одмара, поделете ги обврските, завршете се што е потребно, а останатото слободно време посветете си го еден на друг.