9 причини за неверство

Дали лицата кои изневеруваат имаат вродена потреба за тоа, или  тоа зависи од конкретен сплет на околности во една ситуација? Најверојатно најсоодветниот...




... одговор би бил – по малку од двет. Еве неколку причини кои ги тераат луѓето да изневеруваат:

1. Досада
Се смета дека најчестата причина за неверство е токму оваа. На почетокот работите се возбудливи, а понатаму се стабилизираат па партнерите почнуваат да сфаќаат дека тоа е реалноста. Кога ќе сретнете некоја нова личност на која и се допаѓате, без двоумење возбудливоста со таа личност ќе се си го направи своето.

2. Зависност
Некогаш неверството изгледа како независно однесување. Може да се интерпретира како независност на човекот кој прави што сака, кога сака. Но, повеќето сметаат дека неверството е прашање на зависно однесување. Изневерувачот е зависен бидејќи тој не е доволно силен за да ја раскине својота тековна врска, пред да започне нова.

3. Збунетост
Понекогаш животот или некоја ситуација може да допре до нас и да создаде збунетост. Кога совршената бура на конфузија продолжува во нашите глави, обично грешките се неизбежни.

4. Затоа што ви дозволиле
Најчесто мислење е дека ако некој нас не изневери, веднаш би ја прекинале врската со него. Простувањето на неверник е согласност со тоа што го направил и вртење во затворен круг. Личноста која изневерувала може да ја загуби почитта за вас, и да продолжи со своето, затоа што сте им дале до занаење дека тие можат да се справат до вас, дури и кога изневеруваат.

5. Добар третман9-pricini-za-neverstvo1
Ако некој не се однесува со вас како што заслужувате, тогаш вашиот прв инстикт ви вели дека треба да ја оставите оваа личност. Но ова не е секогаш толку едноставно како што звучи. Ако се чувствувате заробени во лоша врска, нормално е дека ќе истрачето во рацете на друга личност која ќе ве третира фер.

6. Одмазда
Ова е многу едноставно – ќе изневерувам, ако ме изневериш. Ако партнерот континуирано те повредува или злоупотребува, ова е начинот на кој што се одмаздуваме.

7. Потврда на атрактивноста и посакуваноста
Понекогаш во долгите врски доаѓаат ситуации во кои се запрашувате дали сте сеуште атрактивни за партнерот. Додека бевте сингл, се чувствувате повеќе посакувано отколку сега. Ако имате афера, со тоа си докажувате дека и друга личност може да биде затрескана во вас.

8. Возбудување
Некои луѓе едноставно уживаат во возбудата при неверство: тајното криење, ризикот да не бидете фатени и креативните возбудувања дека се наоѓате во забранета романса.

9. Тие не го сметаат тоа за неверство, иако вие не се согласувате
Врските ја имаат онаа сива област, токму пред да се официјализираат. Тој мисли дека по 4тиот состанок вие сте во врска, а вие сте сметале дека сте во врска од вториот состанок. Ако не сте разговарале за официјалноста на врската, некој може да разберат дека сеуште имаат право да се гледаат со други луѓе.

Најубаво луѓето е да раскинат веднаш штом осетат нагон за неверство.
Природно ли е да се има искушување, или искушувањето е знак дека врската го губи својот елан? Кои причини за неверство би ги додале на оваа листа или за кои од листата, не се согласувате ? Ако некогаш сте изневерувале запрашајте се - зошто сте го направиле тоа.

И за крај, можете ли да простите на некој кој ќе ве изневери?

Би можело да ве интересира:

Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg