Што лечи љубовта?
Љубовта благотворно делува на организмот бидејќи го зголемува имунитетот, го разубавува телото и го чува менталното здравје.
За тоа се одговорни хормоните кои се раздвижуваат во мозокот на заљубените.
Препотување, црвенило на образите, тропање на срцето, нерационално однесување... тоа се најдобрите показатели дека нè погодила Аморовата стрела.
За тоа се одговорни хормоните кои имаат повеќе функции, а основна цел им е продолжување на видот.
Кога ќе се спојат одредени хормони, доаѓа до заљубување, што го охрабрува парот да остане заедно и со здружени сили да го одгледува потомството.
Затоа и се вели дека љубовта е хемиска зависност која се развива со цел да се продолжи видот.
Три фази на заљубувањето:
Страст
Со страста управуваат сексуалните хормони, тестостерон и естроген.
Иако тестостеронот е познат како машки хормон, го произведува и женското тело, а тој е главниот виновник за сексуалната желба кај мажот и жената. Освен тоа, овие хормони не тераат да најдеме било каков сексуален партнер.
Заљубување
Заљубеноста малку потсетува на манија бидејќи во оваа фаза не сме во состојба да функционираме нормално ниту на физичко ниту на ментално ниво. Од друга страна, ова е најубавата фаза, бидејќи во неа имаме чувство дека сè е можно. За оваа состојба најзаслужен е допаминот- хормонот на еуфоријата, норадреналинот- хормонот на стресот и серотонинот- хормонот на среќата.
Приврзаност
Ако вашата врска ги преживеала сите искушенија на страста и заљубеноста, таа поминува во фаза на приврзаност. Тогаш почнува поквалитетен и потраен однос, кога можеме да размислуваме, јадеме, спиеме... Приврзаноста е добра подлога за цврста и стабилна врска бидејќи сега почнуваме да размислуваме и да го одгледуваме потомството.
Пет адути на љубовта
Љубовта е здрава за срцето и за душата. Ова се петте основни причини поради кои е многу важно да се сака.
1. Штити од грип
Љубовта е најдобар лек против настинка и грип, бидејќи во телото, под дејство на ова прекрасно чувство, се создава имуноглобулин А кој го подига имунитетот и не чува од вируси.
2. Подмладува
Благотворно делува на убавината. Како дел од истражувањето спроведено во една шкотска болница составено е жири кое се обидувало да ги одреди годините на луѓето во соседната соба гледајќи ги преку стакло кое било проѕирно само од нивната страна. Оние што добиле комплимент дека изгледале дури 12 години помлади биле во среќна љубовна врска.
3. Ја ублажува главоболката
Љубовта ја лечи и главоболката бидејќи под дејство на кортикостероидите кои се лачат само кога сте заљубени, се создава природен аналгетик кој ја ублажува болката.
4. Го нормализира циклусот
Поттикнува редовен менструален циклус, Серија на студии покажале дека заљубените жени имаат редовен циклус за разлика од оние што се осамени.
5. Не прави поубави
Заљубените луѓе зрачат и околината ги смета за многу привлечни. Имено, кога сме заљубени, низ телото ни циркулираат ендорфинот и допаминот, хормони кои што предизвикуваат чувство на пријатност, но и го неутрализираат штетното делување на хормонот на стресот.