Прочитајте го женскиот ум
Да се прочита женскиот ум е вистинска умешност. Ова се оние мали нешта за кои треба да бидете внимателни каков одговор да и дадете и...
...колку навистина треба да бидете искрени.
Што таа вели, а што си мисли?
1. Кажи ми најискрено како изгледам! Ако кажете што мислите навистина може и да погрешите. Ова најчесто значи кажи ми го она што сакам да го слушнам.
2. Добро сум. Најчесто значи – далеку сум од она што значи дека некој се чувствува добро. Најлошо што можете да направите е да и кажете: Епа добро тогаш и да си отидете. Покажете малку волја за слушање.
3. Супер, излези малку со другарите и забавувај се. Многу мал број на жени навистина го мислат ова кога го кажуваат.
4. Никогаш не сум изневерила дечко. Некој навистина и не изневерувале, но поголемиот број кој изневерувале тешко дека ќе ви го признаат ова.
5. Не ми смета што си во пријателски односи со бившиот. Повеќето ја мразат само помислата на вашето „пријателство“. Во најдобар случај ова значи – не ми пречи што комуницирате, за сега, но нема да трае уште долго.
6. Не треба да ми купуваш ништо за роденден, годишнина, Нова година... Некои навистина не ги сакаат и почитуваат дел од празниците, но секој сака да бидат одбележани барем со некоја ситница.
7. Сакаш да ја платиме сметката по пола? Ако таа навистина го сака ова, нема да ве праша туку ќе се понуди.
8. Не те игнорирам, само не го чув телефонот. Многу е веројатно да не е точно. Ако не го чула мобилниот ќе ви се јави откако ќе види дека сте ја барале – нема да чека да и се јавите наредниот ден.