Што сакаат мажите, а што жените во кревет

sto-sakaat-mazite-a-sto-zenite-vo-krevet-povekjeВеројатно би се изненадиле со сознанието дека мажите повеќе ги возбудува да ја гледаат жената како се соблекува пред нив, отколку кога партнерката...


...орално го задоволува. Или, дека ерекцијата подолго трае ако мажот користи кондом.

Кај мажите сексуалната желба го достигнува максимумот во дваесеттите години, потоа почнува да опаѓа, особено по четириесеттата.

Кај жените е обратно. Кај нив сексуалната желба се смалува по пубертетот, за да нагло се зголеми по триесеттата до триесет и петтата година.

sto-sakaat-mazite-a-sto-zenite-vo-krevet

1. Што најмногу сакаат мажите во кревет?
Пенетрација на прво место, оралниот секс е дури на трето место. На второ место од возбудливите активности е набљудувањето како се соблекува партнерката.

2. Дали жените кои користат контрацепција сепак забременуваат?
Да, дури 47 проценти, главно поради неправилната употреба на заштитата. А вие се прашувате зошто во кутијата со кондоми стои упатство!

3. Кога се измислени првите вибратори?
Првите вибратори се појавиле далечната 1869 година кога е направено првото средство за масажа, на парен погон. Но, бидејќи е рекламиран како средство за лечење на женската „хистерија“, можел да се набави само со лекарски рецепт.

4. Како влијае сексот на работата на вашето срце и пулсот?
Напорната работа во кревет може двојно да ги зголеми крвниот притисок и пулсот. Сексот е благотворна активност исто како возењето на велосипед, или шетањето, велат кардиолозите. Ах, да здрава личност може да доживее срцев удар за време на секс, но ризикот е само еден спрема милион.

5. Колку мажи своето прво љубовно искуство го доживеале со девојката во која што се заљубени?
Само 31%.

6. А колку жени го доживеале тоа со мажот кој што го сакаат?
Нешто повеќе од 55%. Но, многу жени поради тоа жалат, велат дека не им било толку убаво, или дека тоа го направиле под притисок.

7. Дали луѓето чувствуваат вина поради мастурбација?
Половина од нив, да. Иако мастурбацијата е најдобриот начин да се научи нешто за сексот. Жените кои мастурбираат доживуваат поинтензивни и почести оргазми од жените кои тоа не го прават.

8. Колку луѓе мастурбираат барем еднаш неделно?
Околу 27% мажи и 8% жени признаваат дека го прават тоа. Вистинскиот број е веројатно поголем. 

9. Колку мажи свршуваат прерано?
Околу 30% признаваат дека премногу брзаат.

10. Колку е долг просечниот пенис во ерекција?
Нешто повеќе од 15 сантиметри. Најдолгиот пенис кој го измериле лекарите бил долг 34 сантиметри и широк 16.

11. Кога пенисот ја постигнува својата величина?
Околу 17-тата година, кога и неговата енергија и либидо се на највисоко ниво. 

12. Колку се продолжува вагината кога е жената возбудена?
Во просек станува подолга и поширока за по пет сантиметри.

13. Зошто мажите некогаш ејакулираат повеќе сперма, а некогаш сосема малку?
Тоа нема врска со тоа колку уживале, туку зависи од тоа колку време поминало од неговиот последен оргазам. Што подолго чека, толку е поголема количината на сперма.

14. Може ли жената да доживее оргазам само со однос, без дополнителна стимулација?
Ретко. Скоро на секоја жена и е потребна директна, или индиректна стимулација на клиторисот за да го достигне максимумот. Од друга страна пет проценти од жените велат дека го доживуваат максимумот само со допирање на нивните гради, со фантазирање (без раце) или со прекрстување на нозете.

15. Колку набабруваат брадавиците на градите кога е возбудена жената?
Можат да пораснат за 25% во однос на нивната нормална вечичина.

16. Колку често жените имаат секс?
Просечната жена има секс 127 пати годишно, односно 2,4 пати неделно.

17. Дали на жените им се случува да свршат прерано?
Не. До 14% од жените во дваесеттите и триесеттите години велат дека нивната најголема сексуална дисфункција им е тоа што свршуваат прерано, иако не е јасно што има тука дисфункционално.

18. Колку парови редовно имаат орален секс?
Само 25% од паровите редовно се спуштаат „под папокот.“ 

19. Дали вкусот на спермата зависи од тоа што јадел мажот?
Да. По испиени повеќе кафиња и пиво, спермата има горчлив вкус.

20. Дали кондомот помага сексот да потрае?
Да. Ерекцијата со кондом трае три минути подолго. Причина повеќе да се користи контрацепција.

Би можело да ве интересира:

Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg