Додека вее снег заведувајте го во када
Ако копнеете по романтични моменти, еве идеја која не преставува голем напор и инвестиции – останете дома и уживајте во сопствените спа...
... третмани. Освен топлата вода и добро загреаната бања, ви требаат и масла за масажа и пилинг креми кои претходно сте ги загреале за да ви се зголеми уживањето.
Топлината, освен што релаксира, ја поттикнува циркулацијата, така што ефектот е двоен.
Топлата купка е совршен начин да ја започнете вечерта, било да продолжувате со некој друг третман или со уживање под покривачот.
Пената и меурите се забавни, но бргу ги снемува. Наместо тоа, пробајте млечна купка со масла – водата ќе ја направат непроѕирна, а мажите сакаат да го замислуваат она што не можат да го видат. Освен тоа, таа купка и годи на кожата и ја прави свиленкаста.
Пред да си легнете во кадата, направете коктел инспириран со спа уживањето. Совршена опција е чај со неколку капки рум.
Кога ќе завршите со капењето, завиткајте се со меки крпи кои посебно ќе ги подготвите пред да си легнете во кадата – ставете ги на радијатор да се стоплат.
На крајот намачкајте го партнерот со хидратантна крема која исто така на кратко сте ја загреале во микробранова печка.
Можете и да го измасирате саканиот, или пак тој вас. Ставете неколку капки топло масло на дланката и тријте го по целото тело.
Најдолго задржете се на горниот дел од грбот – таму се собира целиот стрес.