Најсекси акценти на светот
Без разлика што зборуваат, Британците секогаш ќе звучат попаметно од Американците од југот, а секој латино или француски акцент ќе асоцира на...
...нешто секси и сензуално. Lonely Planet направија анкета за најсекси акцентите на светот и од одговорите на 700 испитаници шпанскиот со мала разлика го победи францускиот.
На трета позиција се најде ирскиот изговор, а зад него шкотскиот и австралискиот.
Иако анкетата беше за акценти при зборување англиски јазик, а не за самите јазици можеби дел од оние што гласале на фејсбук не го сфатиле прашањето бидејќи главните коментари по објавените резултати се дека шпанските влијанија во изговорот на англиски се премногу силни и воопшто не се привлечни.
Преслушајте по една песна на јазиците од првите три позиции и кажете ни кој акцент и кој јазик вам ви е најсекси.