Оргазам при пораѓај ?
Документарниот филм 'Orgasmic Birth' е снимен така што би им прикажал на жените дека на пораѓај наместо да патат од болки, можат да уживаат во повеќекратен оргазам.
Во овој филм се покажува неколку случаеви на жени кои за време на пораѓајот доживуваат сексуални кулминации. Некои од нив во тоа уживаат комбинирајќи го со бакнеж од љубениот. Овој чин некако повеќе наликува на лош еротски филм, отколку на величенствен момент кога жената носи на светот нов живот.
Една од жените која се појавува на филмот е 29-годишната Амбер Хартнел, мајка на 3-годишно момче:
”Одеднаш почнав да доживувам оргазми и тоа на повеќе пати. Тоа беше нешто најубаво во светот, ми се тресеше цело тело, истовремено плачев и се смеев. Откако го споделив тоа со своите најблиски добив и реакции како да е тоа хорор приказна”, изјави таа.
Продуцентката на филмот Дебра Паскали – Бонаро тврди дека оргазамот за време на пораѓај, е една од најдобро чуваните тајни.
Телото за време на сексуалниот однос во крвта испушта хормони окситоцин и ендорфин, а истото се случува кога жената е на пораѓај.
Др. Кристијан Нортруп потсетува на тоа дека патот низ кој проаѓа бебето низ каналот е истиот оној низ кој пенисот влегува во вагината, а тоа е патот преку кој се постигнува оргазам.
Сепак многу мал број на мајки ќе се согласат дека пораѓајот е прекрасен процес, бидејќи не сите ја имаат таа среќа да осетат ваква сексуална кулминација.