10 Најпосакувани жени според AskMen
Врвот од листата на топ 99 најпосакувани жени според Ask Men донесе неколку изненадувања кои ги збунија читателите. Еве ги најпосакуваните...
...10 и нашиот коментар за нив.
10. Candice Swanepoel
Candice е родена во мало село во Јужна Африка во 1988 година, а моден скаут ја забележал на едно пазарче кога имала само 15 години. Сега е дел од елитната екипа на Victoria’s Secret и редовно позира пред фотографи како Mario Testino. За себе вели дека е најсреќна кога ќе се повлече на некоја плажа само со очила за сонце и реге музика, а еден читател на AskMen за неа напиша дека е „градена како супер-хероина од стрип“.
-->
-->
|
|
-->
|
9. Rihanna
Има ли нешто што веќе не го знаете за ексцентричната пејачка од Барбадос?
8. Kim Kardashian
Никому не му се верува дека Ким се најде на високото осмо место. Читателите се лути бидејќи овој избор не е само за изгледот, туку за комплетната личност, а еден од коментарите е дека таа слободно може да ја понесе титулата Најголема лажна личност. Жената која се` почесто ја опишуваат како себичен сноб продолжува да живее пред камери дури и по изјавите на бившиот сопруг дека бракот од 72 дена бил само една голема местенка. И што, треба да сме изненадени?
7. Scarlett Johansson
Разголените фотографии што хакери ги украдоа од нејзиниот телефон ги видовме сите. Непријатното нарушување на приватноста Scarlett го прифати со шеги на своја сметка и не дозволи неколку слики да ја засенат нејзината работа.
Не гледаме ниту една причина да не се вљубиме во Ема. Затоа и не му замеруваме на Џим Кери што го стави чудниот клип на YouTube. Едвај чекаме да ја видиме во новиот Спајдермен!
5.Nicki Minaj
Зачудени сме од високата позија на Minaj, но рака на срце и не сме многу запознаени со нејзиниот лик и дело. Вака на прва ни личи дека ако Гага сака да биде Мадона, Ники сака да биде Гага. Можеби и грешиме, ама се сомневаме дека оваа жена е една од најпосакуваните 10 на светот...
4. Miranda Kerr
Првиот австралиски ангел на Victoria's Secret работи како модел од свои 13 години. Таа е мажена со актерот Орландо Блум со кого има и син, а лани стана и првиот модел што се појавил во Vogue за време на бременоста.
3. Rooney Mara
Руни Мара доживеа огромна трансформација за филмот The Girl With The Dragon Tattoo, а покрај номинацијата за Оскар ги освои и модните критичари кои со нетрпение го чекаат секое нејзино следно појавување на црвениот тепих.
2. Kate Upton
Прогласена е за новајлија на годината од страна на Sports Illustrated, што значи дека допрва доаѓа времето на згодната Kate која заработува за живот позирајќи во бикини и долна облелка. Но дека е втора најпосакувана жена на светот? Тешко. Не за друго, ама колку и да е привлечна едноставно не ја знаат доволно луѓе.
Немаме замерки за победничката! Има некој кој не ја сака Софија? Не само што е згодна и има прекрасен стил, туку има и одлична смилса за хумор и никогаш не се сфаќа себе премногу сериозно. Холивудска латино убавица со нозете цврсто на земја? Не гледаме ништо лошо во тоа :)
З.П. | Црнобело