Кој ќе заспие веднаш, покажува дека е заљубен
Спиењето веднаш по сексот најчесто се толкува како незаинтересираност и неромантичност на партнерот, меѓутоа, со тој чин всушност...
...партнерот открива дека е заљубен, тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген.
Тие откриле дека луѓето кои што веднаш по сексот „тонат во сон“, имаат поголема желба за блискост со партнерот.
- Би можеле да кажеме дека колку побргу нашиот партнер заспие по сексот, тоа значи дека е поопуштен и посакува подлабок однос – вели авторот на студијата dr Daniel Kruger.
Тој заклучок научниците го донеле со помош на анонимна студија која опфатила речиси 500 луѓе, а зборува за нивното однесување пред и по сексот, потоа колку се заљубени и задоволни во односот.
И покрај стереотипите, научниците откриле дека мажите не заспиваат први по сексот, односно не го прават тоа во поголема мера од жените.