Кој ден е најдобар за прв состанок?

koj-den-e-najdobar-za-prv-sostanok-povekjeКога мажот кој ви се допаѓа конечно ќе ве покани на состанок, сигурно имате милион работи на ум. Што да облечете, дали ви е добра фризурата...


...дали ќе ја забележи тремата...

Но, сигурно ни на крај памет нема да ви падне да помислите на тоа кој ден од неделата го одбрал за вашиот прв состанок.

Секој ден од неделата означува одреден вид на излегување:

Понеделник
Сте се запознале преку интернет социјална мрежа и сега не сте сигурни дали е паметно воопшто да се видите. Во тој случај немојте премногу да трошите. Најдобро ќе биде за почеток да отидете на пијалак, па да видите како понатаму ќе се развиваат работите.

koj-den-e-najdobar-za-prv-sostanok

Вторник
Истражувањата покажале дека за мажите вторник е ден кога се расположени за релаксиран состанок кој може да заврши со секс. Со оглед дека има уште четири дена до викенд, имаат доволно време да смислат стратегија како да ве шармираат и да ве одведат во кревет. Четири дена се доволни да се средат впечатоците по површното запознавање.

Среда
Состаноците во среда поминуваат добро и покрај тоа што сите се малку уморни од деловните обврски. Ако не можете да ги протолкувате сигналите, вториот состанок ќе ја разјасни ситуацијата. Освен тоа, средината на седмицата е добра за излегување и за мал флерт за полесно да се дочека викендот.

Четврток
Четвртокот е идеален за забавна предигра бидејќи викендот е блиску. Освен тоа, тоа е ден на позитивни вибрации, па повеќето состаноци поминуваат добро.

Петок
По напорната работна седмица најчесто следат излегувања со пријателите бидејќи сите сакаат добри забави и релаксација. Излегувањето во петок значи само едно – многу му/и се допаѓате и сигурен е дека со вас ќе му биде убаво и забавно.

Сабота
Ако ве повика на целодневен излет, значи дека со вас сака нешто повеќе од повремен секс или забава. Повикот на вечерен состанок можете да го сфатите како потврда дека многу и/му се допаѓате.

Недела
Ве повикал(a) на претпладневно кафе. Ако забележите дека е одморен(a) и убаво расположен(a), најверојатно во меѓувреме имал(a) деловни обврски, па неделното утро го одбрал(a) како совршено време најпосле да ве запознае.

Би можело да ве интересира:

Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg