Тест: Да се раскине, или не?

test-da-se-raskine-ili-ne-povekjeНе сте среќни во сегашната врска, но при помислата на раскинување, веднаш почнувате да се присетувате на среќните моменти и се плашите дека...


...ќе згрешите ако ставите точка на љубовта.

Можеби е време да ја проверите врската според формулата на брачниот терапевт Beverli Stoun.

Ако вашата врска е турбулентна, запрашајте се дали партнерот е оној вистинскиот или само дошол во вистински момент.

За да знаете на што сте, проверете ја својата врска во шест чекори:


1. Бидете она што сте, а не што сакаат другите

Често пати не го зборувате она што го мислите бидејќи знаете дека нему/неа нема да му/и се допадне, а поради „мир во куќа“ го правите она што не го сакате. Тоа ја поткопува среќата и ја руши самодовербата. За да откриете дали вашата врска има потенцијал, обидете се со нов модел на однесување. Кажете си еден на друг што ве мачи. Ако само вие се трудите да ја подобрите врската, време е од неа да излезете.


2. Немојте да се грижите што мислат другите

Без разлика на тоа што мислат, или зборуваат другите, вие одлучувате за себе. Туѓото мислење можете да го земете во предвид евентуално како интересен поглед кон нештата. Така ќе ги разбиете стравувањата кои што се будат кога размислувате за сегашноста. Согледајте ги проблемите мирно и со повеќе логика, така полесно ќе ги решите.


3. Скротете ја двојната личност

Кога сте пред тешки одлуки, во вас се спротивставуваат два гласа. Од една страна самоуверен, позитивен, одлучен и подготвен на ризик, а од друга страна глас на внимание кој предупредува дека може да погрешите. Откако гласот на внимание ќе му се обрати на гласот на самодоверба, запишете ги сите позитивни и негативни мисли, така полесно ќе донесете одлука.

test-da-se-raskine-ili-ne

4. Секогаш имате можност за избор

Наместо „не можам“, обидете се мислите да ги почнувате со „не сакам“ и ќе сфатите дека всушност имате можност за избор. Кога работите нема да ви бидат обврска, туку нешто што сте го одбрале и нешто што навистина го сакате, чувствувајте се слободно, а не како затвореник.


5. Живејте во согласност со своите вредности

Не постои сосема точен ниту погрешен одговор на прашањето дали во врската треба да се остане, или пак да се замине од неа. Важно е да бидете она што сте. Не живејте според туѓите очекувања, стандарди и систем на вредности. Исто така, немојте да го одложувате решавањето на проблемите поради тоа што ви е страв да не погрешите.


6. Внимание, нема време за колебање

Можеби некогаш сте размислувале за тоа што би направиле кога би знаеле дека ви остануваат уште само шест месеци живот. Сигурно би ви било јасно што сакате. Животот е краток, затоа направете нешто за да ја подобрите врската во која не сте задоволни или ако ви се чини дека нема помош, заменете ја со нова.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Зошто жените над 40 години сакаат да се состануваат со помлади мажи? „Младите мажи се поатрактивни и поенергични, плус добиваат ерекција за миг. Исто...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg