Пред да обвините за неверство
Неверство. Неверство. Неверство. Дали ве изневерува? Како да го/ја фатите? Што да направите? Но, пред да обвините некого за неверство и да преземете акција...
... размислете за овие 10 работи:
1. Понекогаш постои друго објаснување зошто тој/таа изгубил/а 4 килограми, работи до касно и покажува помал интерес за секс.
2. Ви треба доказ, но оние кои изневеруваат секогаш ги чуваат телефонските сметки на скриено место, инбоксот во мобилниот телефон им е секогаш празен, а избришани се и последните повици.
3. Ако барате “прљави докази“ немојте да се изненадите кога ќе ги пронајдете.
4. Зошто мажите изневеруваат? Во својата книга Гери Њуман, гуру за врски, тврди дека само 8% од мажите бараат љубовници заради сексуално незадоволство, а 48% затоа што се чувствуваат потценети од страна на партнерката.
5. Мажите чувствуваат помала грижа на совест во вонбрачните односи и пронаоѓаат повеќе причини за да го оправдаат своето однесување, па немојте да се чудите ако вашиот партнер се обиде да ви го објасни тоа со разни биолошко - еволуциски причини.
6. Жените полесно простуваат неверство за разлика од мажите чии девојки/сопруги се “фатени на дело“.
7. Мажите и жените различно реагираат на неверството. Мажите се фокусираат на сексуалниот чин, а жените на емотивната страна на аферата.
8. Иако постои впечаток дека сите некогаш сме изневерувале, само 45% од мажите во текот на својот живот (вклучувајќи брак и претходни врски) ја изневеруваат својата партнерка. 55% никогаш не го направиле тоа и нема да го направат.
9. Размислете дали помирување со партнерот доаѓа во предвид. Во кој случај?
10. Ако знаете дека ќе поминете преку тоа, и дека партнерот повторно ќе се впушти во таква афера, тогаш немојте без потреба да го оптеретувате и него и себеси и да создавате напнати и непријатни ситуации.