5 тајни за успешен брак
Во денешно време, четири од шест бракови завршуваат со развод. Зошто е ова вака? Сепак, постојат парови кои успешно функционираат заедно и...
... по долго време. Во што е нивната тајна?
1. Немојте да ги игнорирате проблемите. Ако проблемите се акумулираат, со тек на време ќе ви се насоберат хронични фрустрации кои кога- тогаш ќе „експлодираат“, а резултатот нема да биде убав.
2. Вложувајте многу. Ситниците и знаците на внимание значат многу повеќе отколку што ви се чини на прв поглед. Најдете начини да покажете дека партнерот ви значи.
3. Бидете присутни. Ако сте оддалечени еден од друг може да се создадат емотивни бариери кои се потешко и потешко се преминуваат. Разговарајте и бидете тука еден за друг.
4. Создавајте заеднички интереси. Моментите и спомените се оние кои остануваат засекогаш.
5. Не заборавајте да се допирате, затоа што допирот создава интимност и поврзаност.