30 машки предрасуди за жените
Жените се понежниот пол, романтични се и чувствителни, но тоа не значи дека не знаат да состават парче нов мебел, дека не знаат ама баш ништо за...
...спортот или дека не сакаат акциони филмови.
Некои машки предрасуди за жените можеби се втемелени, но повеќето од нив немаат врска со вистината.
Ова се 30-те машки предрасуди кои ги вадат од такт жените:
1. Жените ја јадат само белката од омлетот затоа што жолчката дебелее.
2. Не знаат паралелно да се паркираат.
3. За лошо расположение е виновен ПМС (никако тие).
4. Не сакаат „машки“ пијалаци како пиво и виски.
5. Не знаат ништо за спортот.
6. Не знаат да ракуваат со дупчалка.
7. Имаат десет милиони чевли.
8. Слободните жени бараат врска по секоја цена.
9. Сакаат слатки романтични комедии.
10. Паѓаат на опасни фраери.
11. Сметаат дека денот на заљубените и годишнината од бракот/врската се најважните денови во годината.
12. Основањето на семејство им е на прво место од животните приоритети.
13. Опседнати се со мажење, особено со денот на венчавката.
14. Имаат длабоки чувства кон секој маж со кој што се во врска.
15. Секогаш мислат дека се предебели.
16. Секогаш земаат диетална верзија од секое јадење и пијалак.
17. Причината за нивното лутење е нивниот карактер.
18. Задолжително се шминкаат и ја средуваат косата пред секое излегување од дома.
19. Не знаат да го состават новиот мебел.
20. Не се вешти во подготовката на стек.
21. Секс без емоции не доаѓа в предвид.
22. Не читаат дневни весници.
23. Еротските филмови ги сметаат за гнасни.
24. Преплашени се од хорор филмови.
25. Природно се талентирани за кројачки поправки.
26. Готвењето и чистењето им е вродена склоност.
27. На телевизија гледаат само сапуници.
28. Во секое време се депилирани и уредно дотерани.
29. Недоволно ја ценат електронската технологија бидејќи не се разбираат во неа.
30. Не ги гледаат најновите научно-фантастични трилери во кино.
Имате нешто да додадете?