Како до добар секс преку Skype?
Дали некогаш сте имале врска на далечина? Во тој случај добро сте запознаени со процедурата: долги периоди без саканата личност, сексуална...
...фрустрација, висење на компјутер...
Сепак, во поново време се практикува он-лајн секс, најчесто преку Скајп.
Што треба да имате на ум при ваквиот начин на интимно поврзување:
1. Одберете го вистинскиот момент. И најавантуристичките парови најчесто имаат проблем при започнување на играта. Одберете го времето кое одговара на моментот. Тоа сигурно не е моментот кога правите муабет за покачените цени и сметката за струја. Добра акција може да се развие кога разговарате колку си недостасувате и како се би дале за една партија секс.
2. Планирајте однапред. Договорете состанок на Скајп кога нема да ви се шета никој по дома. После напорен ден на работа, ова ќе ве ослободи од стресот.
3. Погрижете се за заемно задоволство. Искуството ќе биде многу подобро ако се погрижите околината да биде соодветна. Нема ништо секи во Скајп секс ако во позадина ви се вртат вести на телевизија. Исклучете телевизор, пуштете сензуална музика, секси долна облека или можеби сосема голи (погрижете се светлото да биде доволно добро).
4. Бидете подготвени. Не би било убаво да му ветите на партнерот лудо секси искуство, а да се исплашите или засрамите кога ќе треба да се премине не главното. Дајте си себе време да размислите што ќе правите и што ќе му кажете на партнерот.
5. Визуелизирајте. Разговарајте за тоа што имате на себе пред да ја вклучите камерата, каде се допирате и какво е чувството. Прашајте го/ја што би ви правел/а да е до вас.
Импровизирајте. Бидете гласни како да сте заедно. Уживајте!