5 прашања од кои „боли глава“
Миличок, колку деца сакаш? Кога ќе ги запознам твоите родители? Мислиш ли дека сум дебела?... тоа се само некои од прашањата кои ниту еден маж не сака...
...да ги слушне... барем во првите три месеци од врската.
Освен што тој ги смета за бесмислени, ти ја „рушат“ нивната моќ и ги ставаат во инфериорна положба.
Ова е списокот на најомразените прашања. Читајте и учете!
Каде се движи нашата врска?
Мажите не го сакаат тоа прашање бидејќи кога ќе го поставите на глас, му делувате очајнички. Мажите сакаат предизвици и не сакаат точна дефиниција на врската во првите два до три месеци. Пуштете го тој да води сметка за тоа инаку во спротивно, ако врската заживее, вие ќе мора да носите сметка за сè. Освен тоа, со поставување на тоа прашање се доведувате во позиција да ја изгубите моќта и контролата.
Мислиш ли на неа?
Ова прашање мажите не го поднесуваат бидејќи сметаат дека нема корист од него. Бившата со причина е бивша, а ако го поставите тоа прашање, му праќате порака дека не сте сигурни.
Дали сакаш деца?
И кај ваквите прашања се менува тежиштето на контролата. Мажите сакаат да водат, затоа не брзајте со прашањата за деца. Ако заживее врската ќе имате доволно време да разговарате. До тогаш, пуштете го да гледа туѓи деца.
Дали сум дебела?
Ова е сосема бесмислено прашање за секој маж. Ако не му се допаѓа како изгледате, тој не би бил со вас. Не морате да го упатувате во своите мани и да му го свртувате вниманието ко своите несовршености. Тој ве доживува како убава жена, немојте да ја искривувате сликата.
И се допаѓам ли на твојата мајка?
Неговата мајка е втората најважна жена во неговиот живот. Вие сте – прва. Пуштете го него да одлучи кога е вистинското време да ги запознаете неговите родители. Тој најверојатно сака да биде сигурен дека неговата мајка е подготвена да ве запознае. Ако веќе сте ја запознале, не форсирајте со прашања дали и се допаѓате. Го ставате во непријатна позиција.