Грешки кога се сомневаме во неверство

greski-koga-se-somnevame-vo-neverstvo-povekjeМислите дека партнерот ве изневерува? Бидете сигурни дека ќе ги избегнете овие три вообичаени грешки! Сте забележале дека со него се случува нешто чудно.


Дистанциран е и во последно време често е отсутен и физички и психички. Постојано го чепка телефонот и не дозволува да го пипнете телефонот или компјутерот.

Имате чувство дека има тука нешто...а дека тоа нешто е најверојатно друга личност...

Грешка 1: Реакција на сомнеж

greski-koga-se-somnevame-vo-neverstvo

Вашите емоции можат да излезат од контрола кога ќе се посомневате дека личноста што ја сакате ве изневерува.  Можете да го изгубите своето достоинствено однесување и да „збеснете“.

Иако тоа е природна реакција кога се сомневате дека некој ви набива „рогови“, тоа воедно не е најдобра реакција.

Вашиот партер нормално ќе се брани и ќе рече дека сте луди. А, признајте дека така и се однесувате во моментот на реакцијата.

Што ќе добиете со тоа? Ќе излезе дека не сте нормални и параноични. При тоа немате цврст доказ за она што го тврдите.

На крајот партнерот ќе може да се брани дека не можел повеќе да го трпи вашето ненормално однесување.

Грешка 2: Соочување иако немате доказ 

Можете да го обвинувате партнерот за неверство колку што сакате, но ако немате доказ, само ќе го направите понервозен, па дури и повнимателен во сокривањето на евентуалното неверство.

Кога ќе се соочите со партнерот, осигурајте се дека имате докази, така што нема да може да ви раскажува приказни дека измислувате работи.

Инкриминирачките мејлови и пораки се совршен доказ. Ако имате и фотографии од среќната двојка како се прегрнува па можеби и има секс, тоа е крај на дискусијата. Што понепристојно, тоа подобро.

Ако имате фотографии само од нивна заедничка прошетка, немојте да се расправате бадијала. На крајот ќе ве убедат дека се само пријатели.

Грешка 3 : Соочување со третата личност

Многу момци и девојки кога дознале дека партнерот ги изневерува веднаш посакале да се спротивстават на третата личност. Погрешно! Тие не им направиле ништо лошо.

Да, знаеле дека партнерот не е слободен и дека не требало да бидат со него, но вашиот партнер донесол одлука да се впушти во врска знаејќи многу добро што прави и во што се впушта.

Вината е кај вашиот партнер и најдобро е да го пуштите да сфати што сака, но одлучете се и вие самите дали сакате да продолжите да бидете со таков партнер.

Било каков допир со третата личност само дополнително ќе го втурне вашиот партнер во нивната прегратка.

Би можело да ве интересира:

Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg