5 знаци дека не сте подготвени за мајчинство
Детето, без разлика дали е планирано или не, преставува голема одговорност и потенцијалните родители би требало да проценат дали се подготвени...
...за овој предизвик. Ако со партнерот имате проблеми, бебето дефинитивно нема да направи тие да исчезнат и вие повторно да се зближите.
Ова се петте знаци кои ви укажуваат дека сè уште не сте подготвени за мајчинство.
Нестабилна врска – Иако многубројни самохрани родители совршено се снаоѓаат во својата улога, сепак подобро е детето да се роди во врска во која двајца луѓе се сакаат. Меѓутоа, ако вие и партнерот имате проблеми, детето сигурно нема да ви ги реши проблемите.
Психичко здравје – Грижата и обврските околу децата можат да ве исцрпат и психички и емотивно. Ако страдате од депресија, или имате некои други психички проблеми можеби и не е најдобро време да бидете родител. Решете ги тие проблеми пред да се појави стрес поради бременоста и бебето.
Беспарица – Финансиите се важна ставка ако размислувате за родителство. Можеби не ви се чини дека за бебето требаат пари, но кога ќе ја земете во предвид негата, храната, опремата за бебето, поголем стан... трошоците само растат и тоа со голема брзина. Ако финансиски не сте подготвени за дополнителни трошоци како што е поправање на автомобил или неочекувана сметка, подобро ќе биде да ја одложите бременоста.
Ви треба некој што ќе ве сака – Дали сакате дете затоа што имате потреба некој да ве сака безусловно? Тогаш бидете сигурни дека сакате дете поради погрешна причина.
Не сте ги оствариле целите – Ако сè уште не сте постигнале сè што сте зацртале, со дете тоа уште потешко ќе го постигнете. Да се образовате, деловно да напредувате, или едноставно да патувате, многу е потешко со дете во прегратката. Ако постојат цели кои ви се навистина важни, остварете ги пред да дојде бебето на свет.
Дали овие причини се доволно оправдани за да се одложи мајчинството?