Карактеристики потребни за сериозна врска
Не постои формула за вљубување и сите имаме различен вкус при избирање на идеалниот партнер. И среќа што е така, инаку љубовта немаше да биде...
...предизвик и светот ќе беше многу поздодевен.
Сепак, постојат неколку универзални карактеристики што се потребни за одржување вистинска врска.
Еве што е потребно да го преживеете првиот бран на страст и возбуда и да продолжите да функционирате со личноста која ви се допаѓа.
Зрелост
Зрели не значи сериозни во смисла дека не се глупирате, не доцните и не ги заборавате важните датуми. Потребно е да се познавате себе, да знаете што сакате, да препознаете кога не сте во право и суштински да ги решавате проблемите. За да функционирате во двојка прво мора да функционирате и како единка, да ги знаете своите лоши страни и постојано да се трудите да се подобрувате.
Отвореност
Отворени за идеите на партнерот, отворени во искажувањето чувства, трпеливи во сослушување на другиот и директни во изразување на своите мислења и проблеми. Ако избувнувате и осудувате никој нема да сака да ви се довери.
Искреност
Искреност на сите нивоа на комуникација. Играњето игри, калкулациите и манипулациите само ќе донесат нови проблеми. Не може да се изгради сериозна врска ако се кријат вистинските мисли и намери.
Почитување
Почит и поддршка за партнерот без обид да се контролира секој дел од неговиот живот. Без разлика дали станува збор за неговата кариера, лични стравови, животни цели или моментални чувства, партнерот треба да знае дека сте тука за него.
Емпатија
Кога двајца одлично комуницираат успеваат и да се соживеат со проблемите и доживувањата на другиот. Така полесно се препознаваат, разбираат и ценат меѓусебните сличности и разлики, а и полесно е да се справите со можните пречки во врската.
Хумор
Волшебна спасоносна состојка во сите меѓучовечки релации. Способноста да се насмеете на своја сметка, да се забавувате со својот партнер и да ги разведрите тешките ситуации.