6 знаци кои тој погрешно ќе ги протолкува

6-znaci-koi-toj-pogresno-ke-gi-protolkuva-povekjeДали сте вистинска заводничка? Дали мажите погрешно ги толкуваат вашите знаци? Ви носиме шест знаци кои жените ги праќаат, а машките...


...најчесто лошо ги толкуваат. Проучете ги и ќе научите подобро да комуницирате.

Девојките често мислат дека се мајстори во заведување и кокетирање. Како и да е неодамна е спроведено истражување кое утврдило дека мажите имаат големи проблеми со дешифрирање на нивните вистински намери.

Следниве однесувања можат да ве доведат до непријатни ситуации.

Зборувате со сите освен со него
Девојките најчесто сакаат да остават впечаток на „недопирливи“. Меѓутоа, откако го повторите тоа неколку пати, може да ви се врати како бумеранг. Ако на пример на забава зборувате со сите само не со него, ќе добие впечаток дека сте се предомислиле. Всушност, вашата цел била да не го „притискате“. Ако сакате навистина да го освоите, обрнете му внимание како и на останатите од својот круг.

Се облекувате спортски и неформално
Да се чувствувате удобно во својата облека е многу важно за опуштено да се прошетате во парк или на некоја неформална забава. Ако му ја покажувате само својата спортска страна, вашиот избраник ќе помисли дека ниту малку немате желба да го импресионирате. Ќе биде уверен дека сакате вашиот однос да остане само на ново на пријателство.

Праќате духовити и пријателски СМС пораки
Машките често пати ги збунуваат такви повици и пораки. Ако сакате се да остане на ниво на пријателство, продолжете со интересните повици и пораки. Меѓутоа ако сакате да кокетирате со него, таквите пораки оставете ги за подоцна, кога нема да има дилема дали сте пријатели или повеќе од тоа.

6-znaci-koi-toj-pogresno-ke-gi-protolkuva

Зборувате за бившиот
Ако сте една од оние кои сакаат да оставате впечаток дека се кул и се во пријателски односи со бившиот, спасете го од притисокот да слуша за вашиот бивши. Тоа е дефинитивно најлошата тактика на кокетирање. Мажите не сакаат да им ги откриете искуствата од минатото ако ги гледате како потенцијални партнери.

Ви треба простор
Машките ова често пати не го разбираат. Факт е дека сакате времето да го поминете истражувајќи го светот околу себе, а тој мисли дека е сè во ред и дека ви треба малку приватност. Ако сакате малку да се тргнете и да се одвоите, бидете јасни и одредени па ќе го поштедите од непријатни ситуации.

Сте го поканиле да излезе со вас и вашите пријатели
Машките тоа ги збунува, бидејќи не се сигурни дали сакате да поминете повеќе време со нив или со пријателите. Ако сакате да се чувствува убаво и опуштено, добро размислете за своите трикови и направете да се чувствува посебно за време на тој промашен спој. Разговарајте со него за да бидете сигурни дека не се сомнева во вашите планови за иднината.

Момци, има ли овде вистина?

Би можело да ве интересира:

Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg