Спротивностите не се привлекуваат во сексот
Иако сите сме чуле за теоријата дека спротивностите се привлекуваат (која некогаш се покажува вистинита), ова сепак не важи во сексот.
Како што тврди сексологот Иан Кернер, во сексуалниот однос важни се интересите и желбите. Кернер тврди дека луѓето во однос на сексот се делат на две групи – удобни и немирни љубовници.
Удобните љубовници сакаат да водат љубов во домашна атмосфера, во кревет и на сигурно место, додека немирните попрво би одбрале секс на некои од „опасните“ места и често се многу спонтани и инвентивни во сексот.
Затоа, најдобро се согласуваат оние парови кои имаат слични сексуални желби.
Ако во врската се најдат двајца со сексуални спротивности, на почетокот и не е некој проблем, но штом хормоните почнат да играат главна улога и личностите се запознаваат подобро, голема е веројатноста сексуалните навики и желби да почнат да им пречат.