Рецепт за совршен утрински секс
Мажите наутро се порасположени од жените за секс, а особено задоволство им е поспаната партнерка страсно да ја разбудат. Меѓутоа, некои...
...истражувања покажале дека повеќето жени не се воодушевени со таа идеја.
Единствено што треба мажите да направат наутро е да се истушираат и да отидат на работа, додека на жените по будењето пред очи им е распоредот на сето она што ги чека тој ден, од подготвувањето на појадок и деца за на училиште па сè до одењето на работа....
Мажот кој сака во раните утрински часови дополнително „да ја изгужва постелнината“ треба да стане малку порано од саканата и д аи подготви појадок, секако откако ќе ја разбуди со бакнеж и галење. Жената треба да има помалку причини за негодување и повеќе време да му се препушти на уживањето.
Жената има потреба за секс ако е емоционално возбудена, а кога ќе ги отвори очите има малку време за таква ситуација, објаснуваат психолозите.
Мажот треба наутро да го продолжи мазењето за жената да не го доживее сексот како чиста механика.
Не е вистина дека сите жени не сакаат секс наутро, само им треба малку повеќе време да се возбудат за разлика од мажите.
Па... за да му покажете на својот сакан дека не сте намќор, изненадете го и иницирајте секс.