Бидете неверојатни во сексот

bidete-neverojatni-vo-seksot-povekjeЗа да имате одличен секс не се доволни само вештината, секси долна облека и менување на местото за секс. Мозокот е најважната и најголемата...


...ерогена зона! Фокусирајте се на умот исто колку и на телото, а ова се четирите тајни кои ќе ви помогнат да ги ослободите вашите страсти.

1. Заведување

bidete-neverojatni-vo-seksot

Многумина мислат дека треба да бидат заведени за да се чувствуваат секси. Погрешно! Желбата за секс почнува во вашата глава. Ваша е одговорноста да разберете и да знаете што ве возбудува. Во прашање е што чувствувате, а не очекувањето партнерот веднаш да ви возврати со иста мерка. Е тука сега доаѓа заведувањето, знаете што треба да правите, па употребете го своето „оружје“!

2. Сетила

Втората тајна е поврзана со сетилата. Апсорбирајте ја енергијата помеѓу вас и партнерот и не заборавајте на мирисот, допирот, звукот и вкусот. Многу пати поради премногу обврски и зафатеност забораваме на нашите сетила, а без нив сексот е „без сјај“.

3. Сигурност

Да се чувствувате сигурно за да му се предадете на партнерот е тајната број три. Благодарејќи и на првата и втората тајна вашиот ум е подготвен, а и сетилата се тука. Мора да чувствувате дека во тој момент го сакате баш тоа место каде што сте и баш тоа што го правите, да бидете присутни и со телото и со духот за да ја почувствувавте поврзаноста со партнерот.

4. Минато

Ако се забавувавте со првите три тајни, минатото се однесува на погледот наназад и на искуството што сте го имале и кое ве исполнило и задоволило до таа мерка да сте го посакале повторно. Ако не сте успеале да почувствувате задоволство и сте имале лошо искуство по откривањето на овие тајни, можеби ќе имате недостаток на самодоверба, но и за тоа постои решение.

  • Игнорирајте го „лошиот глас“ во вашата глава кој ви го расипува расположението
  • Пробувањето нешто ново во спалната соба може некогаш да биде и застрашувачко. Договорете се за невербални знаци кога ќе почувствувате такво нешто и одложете го чинот во кој сте се впуштиле, па продолжете со нешто веќе пробано.
  • Со партнерот направете листа што најмногу ви се допаѓа. Потсетете се што ве привлекувало затоа што таквите работи со време се забораваат.
  • Секој пат при секс додајте нешто ново, зачинете го со некоја мала измена без разлика чија е идејата за тоа, така ќе ви биде поинтересно.

Би можело да ве интересира:

Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg