14 мотиви за секс во долга врска
Во долгите врски често се случува страста од време на време да се гаси. Кога врската станува навика, и поводот за секс треба да биде издржан.
Некогаш имавте секс затоа што бевте „возбудени“ во секое време, а денес причините се малку поразлични...
1. Затоа што на телевизија нема ништо добро, а имате уште да чекате додека ви се симне филмот и серијата од торентот.
2. Затоа што таа потрошила 700 денари за депилација.
3. Затоа што тој конечно направил нешто како што треба.
4. Затоа што нон стоп јадете по гости, слави, имендени, родендени - а овие калории мораат некако да се потрошат.
5. Затоа што во последно време сексот трае многу пократко отколку смислувањето изговори.
6. Затоа што ви е опасно досадно.
7. Затоа што се сретнавте полуголи во дневна, па ај.
8. Затоа што сексот е добар за срце, а вие сте пушачи.
9. Затоа што е сабота, а во недела не се оди на работа.
10. Затоа што се скаравте, а нема подобар секс од оној за смирување.
11. Затоа што имате чиста постелнина, па да се сефтоса.
12. Затоа што таа се напи веќе два кафетини па нема веќе оправданија.
13. Затоа што и купивте долен веш и нема бегање.
14. Лош ден на работа, па мора некако да го/ја утешите саканиот/саканата.
Да додадете нешто?