Продавам жена - засекогаш!
Британец на кој му дошло преку глава да го слуша дрдорењето на споругата, ја ставил на продажба! “Жена која дрдори, без данок, скапа за одржување...
...е на продажба.”, стои во огласот на Гери Бејтс (38) кој е како што самиот кажува повеќе навикнат преку оглас да продава автомобили или стари работи, а не жена.
Но, сепак вели дека за сé има прв пат.
Бејтс, градежник од Глаустершир “полудел” една вечер кога додека гледал телевизија неговата жена не престанала да дрдори и да го нервира.
“Го ставив огласот затоа што не престана да ми труби зошто не сум направил ова, зошто не сум направил она...” изјавил Гери.
Но, според него тоа што тој го направил не е најчудното туку фактот што дури 10 луѓе се јавиле на огласот!
Жената на сето ова малку се налутила, но сега е повторно во добри односи со сопругот... Сé додека не се одлучи да се јави на телефон и да прифати некоја од понудите.