Машки ерогени зони
Кога се зборува за машките ерогени зони, повеќето само ќе одмавнат со раката, слатко ќе се насемат и ќе искоментираат дека ерогените зони се...
...„женска измислица“ и дека имаат машките само една ерогена зона. Сепак, се чини дека е поинаку.
Многу места на машкото тело можат да се наречат ерогени зони кои се индивидуални, некои нешто ги возбудува, а некои не.
На жените кои се во долга врска им препорачуваме да се потсетат на „жешките“ игри од почетокот на врската, а за оние кои се на почетокот од љубовната приказна – истражувајте и следете ја секоја негова воздишка.
1. Врат – на жените вратот им е едно од „најкритичните“ места, но исто е и кај машките. Сексолозите тврдат дека вратот е осетлив затоа што кожата на тој дел е особено нежна. Покрај тоа, еротската симболика на вратот е стара колку и човештвото. Девојки, поминете со прстите по неговиот врат, милувајте го, или лесно грицкајте го – ќе ја видите реакцијата!
2. Уши – кај машките овој дел од телото предизвикува вистинска лавина на страсти. Ова е подрачје кое ниту еден маж нема да го остави рамнодушен затоа што грицкањето и шепотењето може да има големо влијание на машката ерекција.
3. Стапала – вистинска и силна масажа на целото стапало ќе направи чудо кај вашиот партнер. Стручњаците и рефлексолозите тврдат дека масажата на сапалата на мажот го ослободува од стресот кој се насобира во вратот и рамениците, па затоа толку им годи.
4. Колена и бутови – еден ваш допир на неговото колено или бут и тој веднаш ќе помисли на секс. Истото така, подрачје кое е осетливо и „опасно“ е подрачјето зад коленото. Со овие допири нема да погрешите затоа што кожата на задниот дел од коленото е помазна па и најнежните допири можат да доведат до возбуда.
5. Раце - машките раце на многу жени им преставуваат синоним на машкост. Ова е подрачје каде можете вашиот партнер да го возбудите и тоа со лесни и нежни допири по дланките.
Покрај сето ова, немојте да заборавите на усните, брадавиците, внатрешната страна на рацете, милување на стомакот и косата. И немојте да мешате мазење и скокоткање. Скокоткањето најчесто го нема саканиот ефект.