Дали сака само секс?
Ако комуницирате само навечер, не сте ги запознале неговите пријатели и всушност не знаете дали сте во врска или не – извесно е дека тој сака само секс.
Ви откриваме неколку знаци кои откриваат што сака тој од вас.
Иако момчето ќе и каже дека сака само секс, а не врска, девојката – затоа што тој многу и се допаѓа- се одлучува тоа да го занемари и се надева дека тој со време ќе се заљуби во неа.
Многу девојки ги збунува однесувањето на момците. Повеќето се во потрага по љубов, но многу често наоѓаат дечковци кои сакаат исклучиво секс.
Некогаш тоа веднаш ќе го препознаат, а понекогаш за тоа им треба повеќе време.
Многу пари, малку време
Момците со подлабок џеб обично ја опсипуваат девојката со подароци. Но, нема да одвојат многу време за неа. Девојките оваа ситуација често ги збунува затоа што подарувањето го доживуваат како романтичен гест, но не им е јасно зошто не поминуваат повеќе време заедно. Одговорот е едноставен – тој не сака да го дели со вас времето и својот живот, сака само повремен секс.
Ноќна комуникација
Ве повикува кога ќе се стемни и пораките стигнуваат околу 22 часот. Се гледате навечер. Ако е ова вашиот случај, знајте дека ве врзува само сексот. Тој се јавува кога ќе ги заврши сите работи, после дружењето со пријателите и семејството.
Никого не знаете
Момците се многу внимателни во поглед на избирање девојка која ќе ја запознаат со пријателите. Ако по неколку месеци дружење не ве запознае со членовите на семејството, ниту со пријателите, немате сериозна врска. Тоа е причината зошто не ве носи на некои важни собири, тој вашата врска ја доживува исклучиво како сексуална.
Ве наведува на секс
Бидејќи со овој знак девојките се среќаваат уште од тинејџерски денови, би требало веднаш да го препознаат. Момците вршат голем притисок на девојката за секс. Повеќето тоа го прават многу суптилно така што девојките немаат чувство дека ги наведуваат за секс. Најчесто и тоа е показател дека имате исклучиво сексуална врска.
Постојано зборува за сексот
Ако дечкото со кого прв пат излегувате постојано се навраќа на темата секс, можете да бидете сигурни дека навистина во тоа му е умот. Ве доживува исклучиво низ физичката привлечност и се што сака од вас е секс.