Тајните на среќните парови

tajnite-na-sreknite-parovi-povekjeНекои парови без оглед на тоа дали биле во брак или само во врска, секогаш изгледаат како меѓу нив да има нешто посебно. Тие се насмеани и среќни...


...и изгледаат како ништо да не им недостасува.

Кои се тајните на овие среќни двојки?

1. Одат заедно во кревет. И тоа не мора да значи секс. Доволно е да си легнете заедно, да си раскажете нешто што ви се случило дента. Спиењето во прегратка, дури и кога не ви се спие, е компромис кој влева убавина во врската.

tajnite-na-sreknite-parovi

2. Делат интереси. Да не постојат заеднички интереси, не би биле пар. Добро е да имате самостојни активности, но добро е и да имате активности кои ги правите во пар. Како на пример утринско трчање.

3. Се држат за рака. Не, не е детски. Ова покажува колку еден допир може да ве направи среќни без разлика дали сте на прошетка или дома пред телевизорот. Ова покажува голема поврзаност кај паровите.

4. Се фокусираат на позитивно. Во секоја врска постои нешто што ве нервира кај партнерот/ партнерката. Најчесто се ситници, но ве вадат во такт. Во среќните врски обрнуваат внимание на она што е позитивно кај партнерот. На работите поради кој сте горди со него, а не заради работите кои ги прави погрешно.

5. Простуваат. Простувањето не е лесно. Но, во среќните врски, не е така. Тие лесно си простуваат и не се навраќаат на старите грешки ниту пак сакаат да се одмаздат за истите. Еднаш кога нешто е простено – треба да биде и заборавено.

6. Си кажуваат „те сакам“. Секако дека ова не мора да биде секој ден, но убаво е да го споделите особено во најпотребните моменти. Треба да биде искрено и од срце.

7. Комуницираат. Комуникацијата е можеби најважната состојка за опстанокот на било која врска. Кога знаете дека со својот партнер можете да поделите се, кога можете да зборувате за најубавите случувања, а кога потребно и да се расправате со него/неа. Секогаш треба да можете да си помогнете еден на друг, да споделувате, но и да знаете да сослушате.

8. Знаат што е компромис. Понекогаш некои работи не ви се по волја, но во среќната врска партнерите знаат дека ако нешто дадат, ќе добијат и нешто за возврат. Двајцата партнери се несебични и секогаш подготвени на компромис.

9. Разменуваат нежности. Прегратки, бакнежи, допири – сето ова е важно. Ова ги поврзува и постојано ја одржува романтичната атмосфера. Кој не би бил среќен?

10. Имаат почитување. Секој партнер мора да има почит за другиот, за неговите желби, чувства и мисли. Взаемното почитување е одличен темел за градење среќна врска.

Ако во вашата врска недостасуваат повеќе од 5 од овие работи, можеби треба да се запрашате зошто сте воопшто во врска...

Сепак, никогаш не е доцна да се обидете барем дел од овие 10 точки да ги вкомпонирате во својата врска.

Запомнете, среќата е ваш избор!

Би можело да ве интересира:

Знаци дека пријателите (не)свесно имаат лошо влијание врз вашата врска Пријателите кои навлегуваат во лични работи, отворено го критикуваат партнерот и...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg