6 совети после долга врска
Повторното излегување и запознавање нови луѓе после долга врска може да биде тешко. Може да ви се чини како да се во потполно нов свет.
Може да биде и многу забавно, но често пати застрашувачки.
Заради тоа следат неколку совети кои би требале да ви помогнат повторно да се најдете на полето на игра после долга и сериозна врска.
1. Не навлегувајте во детали. Кога ќе запознаете нова личност не треба да брзате со деталите. Немојте да откривате премногу за себе особено не за поранешната врска.
2. Не се преправајте дека сте она што не сте. Ако сакате да бидете поинакви, постепено прилагодувајте се и менувајте се, но немојте да глумите.
3. Разговарајте со слободните пријатели и пријателки и побарајте нивни совети. Секако е добро и да ги послушате нивните искуства.
4. Експериментирајте со различни типови на луѓе. Вашиот нов партнер/партнерка не би требало да биде копија на поранешниот. И така свесни сте дека таквата врска не функционира.
5. Бидете интересни. За да бидете пријатно друштво, мора да имате доста активности и теми за кои може да разговарате.
6. Работете го она што вам ви се чини дека е исправно и правилно, а не на друштвото околу вас.
Некои експерти велат дека периодот на „жалење“ треба да биде од прилика максимум 10-тина денови.