Играње улоги во креветот
Кога е во прашање сексот, играњето на улоги може да биде многу интересно. Возбудливо е и „жешко“. Уживањето во сексот за кое копнееме е степен на...
...нашето бегство. Играњето на улоги одлично се испреплетува со тенденцијата да се дистанцираме од секојдневните барања на животот. На жената ќе и помогне да искуси повеќе слобода зад сите маски, бидејќи ментално ќе може да се постави себе си на друго повозбудливо место.
А нему? Нему му следи незаборавно уживање. Ако играњето на улоги ви помага да најдете нови возбудувања, направете што е потребно за да уживате.
Немате што да изгубите, освен својот идентитет на неколку часа – и нешто од своите кочници.
Речиси секој има фантазии, а повеќето не се подготвени да истражуваат, ова особено се однесува за жените. Мажите од друга страна се плашат да не бидат исмеани.
Што треба да се направи? Да се развие идеа во контекст. Да се одигра некој филм кој неодамна сте го гледале, но внимателно. Најдобро ќе биде жената да се наведе сценариото да го види како своја идеја. Почнете со нешто позитивно, да речеме, со комплименти. Не размислувајте за досадата и не брзајте. Почнете полека, дозволувајќи си да се насмеете.
Преправајте се. Не морате да се облечете како доктори, но можете да зборувате како доктор и да влегувате и излегувате од улогата. Истражувајте. Бидете спонтани.
Запомнете дека не постои „вистински“ начин тоа да се направи. Забавувајте се и имајте смисла за хумор.
На вас е да одлучите кој однос би сакале да го испробате: навивач и атлета, професор и студентка, богат маж и француска собарка, болничарка и ранет војник, вработен и шефица, странци кои случајно се запознале во бар, пилот и стјуардеса, продуцент и актерка.... Многу можности, отворени само за вас.
Одбравте ли нешто?